Како најефикасно да ги прекриете темните подочници со коректор?

Ставете течна пудра пред коректорот

Ако имате многу темни подочници, најдобро е прво да ставите течна пудра, па коректор, и на крај камена пудра или фиксатор во прав.

Тенкиот слој течна пудра дополнително ќе ги прикрие подочниците.

kako-najefikasno-da-gi-prekriete-temnite-podochnici-so-korektor-06.jpg

Добро исчистете ја кожата пред да почнете со шминкање

Осигурете се дека пред да почнете со шминкање, добро ќе ја исчистите кожата.

Ако имате маскара и не ја исчистите, таа може да се „растече“ и да ги направи подочниците уште потемни.

kako-najefikasno-da-gi-prekriete-temnite-podochnici-so-korektor-07.jpg

Не ставајте многу коректор

Ако ставите многу дебел слој коректор, не значи дека подобро ќе ги скриете подочниците.

Од сите продукти препорачливо е да ставате тенок слој, за шминката да изгледа поприродно.

kako-najefikasno-da-gi-prekriete-temnite-podochnici-so-korektor-08.jpg

Како природно да ја намалите видливоста на темните подочници?

Како што веќе спомнавме, некои луѓе природно имаат потемни подочници. Ако и вие спаѓате овде, важно е да знаете дека тоа е сосема во ред.

Доколку вашите подочници се резултат на замор, дехидратација или нешто друго, постојат некои трикови што ќе ви помогнат да им ја намалите видливоста:

  • Наутро или навечер ставете ладна облога на очите.
  • 2-3 пати неделно ставајте парчиња краставица на очите во период од 10-тина минути. Препорачливо е претходно да ги разладите парчињата во фрижидер.
  • Ставајте изладени вреќички чај од камилица на очите.
  • Спијте повеќе и пијте доволно вода.

kako-najefikasno-da-gi-prekriete-temnite-podochnici-so-korektor-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава