Вирално видео: Како да не ја извалкате белата кошула со пудра додека ја носите?

За да ја „заштитите“ белата кошула од шминката на лицето, ќе ви треба само еден продукт – лак за коса. 

viralno-video-kako-da-ne-ja-izvalkate-belata-koshula-so-pudra-dodeka-ja-nosite-01.jpg

За многу девојки и жени, белата кошула е омиленото парче облека за летниот период.

Изгледа одлично и во деловни, но и во лежерни комбинации, а кога е направена од лесен и пријатен материјал, белата кошула е одличен избор за топлите денови.

Но, секоја девојка со соочила со истиот проблем кога станува збор за бела кошула – дамки од пудра и шминка.

Колку и да сте внимателни, дамките од шминка на белата кошула се чини дека се неизбежни.

Но, инфлуенсерката Рејчел Нагент открила решение за овој проблем.

Младата инфлуенсерка сподели видео на ТикТок во кое го покажува трикот што сигурно ќе ви се најде.

За трикот на Рејчел ќе ви треба само еден продукт – најобичен лак за коса.

Рејчел објаснува дека доволно е само да го испрскате горниот дел на кошулата – однадвор и однатре – со лакот за коса.

Оставете неколку минути да се исуши, па облечете ја.

Лакот за коса нема да се познава на кошулата, а ќе го спречи валкањето од пудра.

Погледнете го видеото на Рејчел:

@rachynugent

Seen this on Olivia jade Atwood stories !! Wish I knew this trick sooner 🥲 #fyp #fypage #oliviajadeattwood #tiktok

♬ original sound - Rachel Nugent

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...

Најчитани неделава