Предлог маникири кои визуелно ги издолжуваат прстите (дури и со пократки нокти)

Додека темните лакови можат да направат прстите да изгледаат пократки, неутралните тонови визуелно ги издолжуваат, дури и ако имате пократки нокти.

predlog-manikiri-koi-vizuelno-gi-izdolzhuvaat-prstite-duri-i-so-pokratki-nokti-01.jpg

Очигледно, долгите нокти ги издолжуваат прстите на дланките.

Нo, многу долгите нокти не се секогаш практични, а и не секој ги сака.

Постојат неколку видови маникир со кои можете визуелно да ги издолжите прстите, дури и ако ноктите не ви се многу долги.

Три предлози во продолжение:

Неутрални нијанси

Неутралните нијанси го намалуваат контрастот помеѓу ноктите и кожата на прстите.

Па, поради ова, прават прстите да изгледаат визуелно подолги.

Ако не сакате еднобоен маникир, можете да направите француски маникир со нежни пастелни тонови.

Овален облик

Овалниот облик на ноктите, кој наликува на бадем, секогаш е во тренд.

Покрај тоа, прави прстите да изгледаат подолги, дури и ако имате кратки нокти.

Најдобро е да го комбинирате овој облик со неутрални тонови.

Вертикални шари

Ако не сакате монотони и неутрални нокти, вертикалните шари ќе ви помогнат да го постигнете истиот ефект.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Трендови за маникир кои веќе се застарени + 6 нови што ќе ги гледаме насекаде Додека светкавиот маникир делува нападно и застарено, суптилните дезени со светк...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Застарени трендови за маникир и 7 нови што ќе ги заменат оваа сезона Додека цветчињата се застарени, бебешко сината нијанса е модерна и доаѓа на мест...

Најчитани неделава