„Работам како козметичар – Кои работи ме вадат од такт кај клиентките кои доаѓаат на депилација?“

„Клиентката доцни, па потоа бара да оди во тоалет и врв на сѐ се жали дека депилацијата минатиот пат не била совршена...“ – Кои работи ја вадат од такт оваа млада козметичарка која е експерт за депилации?

rabotam-kako-kozmetichar-koi-raboti-me-vadat-od-takt-kaj-klientkite-koi-doagjaat-na-depilacija-01.jpg

Американката Бјанка работи во САД, како козметичарка, чија специјалност се депилациите. Таа на социјалните мрежи сподели кои работи ја вадат од такт кај нејзините клиенти. Дали и вие ги правите овие грешки?

Никогаш не е добро да ја изнервирате девојката кај која сте закажале депилација, а Бјанка тврди дека си ја сака работата, но постојат неколку работи што може да ја извадат од такт.

rabotam-kako-kozmetichar-koi-raboti-me-vadat-od-takt-kaj-klientkite-koi-doagjaat-na-depilacija-02.jpg

Според неа квалитетот на депилацијата во голема мера зависи од односот што го имате кон козметичарот и од тоа дали ќе се придржувате до правилата.

Доцнење на закажаниот термин

Бјанка вели дека на клиентките најчесто им напоменува дека им е дозволено доцнење 9 минути по закажаниот термин, но тоа најчесто се мисли ако на клиентката ѝ треба малку повеќе време за да се пријави на рецепција.

Како што вели, ваквото доцнење, само уште повеќе го скратува времето за третман.

Бараат да одат во тоалет

Бјанка вели дека следна работа што ја вади од такт е кога жените што доцнат, само што ќе влезат во салонот веднаш бараат да одат во тоалет, со што уште повеќе го кратат времето за третманот.

rabotam-kako-kozmetichar-koi-raboti-me-vadat-od-takt-kaj-klientkite-koi-doagjaat-na-depilacija-03.jpg

Не водат сметка за хигиената

Уште една работа што ја нервира е кога клиентката ќе ѝ каже дека од тренинг директно дошла на депилација, немала време да оди да се истушира, па се извинува предвреме.

Се жалат дека последниот третман не бил како што треба

„Се жалат за последниот третман, па јас им велам ќе видам што можам да направам со времето што ни остана за овој. Секоја минута е важна и тоа што ви е дозволено да задоцните не значи дека треба да го направите тоа“ – вели Бјанка за крај.

rabotam-kako-kozmetichar-koi-raboti-me-vadat-od-takt-kaj-klientkite-koi-doagjaat-na-depilacija-04.jpg

Погледнете го видеото:

@biancathewaxslayer

every minute counts yall just cuz you CAN show up a little late doesnt mean you should #greenscreen #esthetician #estheticiantiktok #foryou #fyp #waxspecialist #waxersoftiktok #brazilian #brazilianwax #waxertok #wax #waxing #storytime #karen #karenstory #karenstorytime #karenstories

♬ original sound - Bianca the Wax Slayer

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

7 работи од кои жените треба да престанат да се срамат (бидејќи се нормални и сите ги имаат) Целулит имаат и слабите девојки, двојната брада и темните подочници многупати се...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
„Ботокс“ маска од две состојки е хит на ТикТок – Колку е ефикасна? (видео) Таканаречената ботокс маска се прави од две состојки – ленено семе и вода – и иа...
Девојките масовно јадат сардини за почиста кожа – Колку е точно ова тврдење? Според девојките на социјалните мрежи, тајната на здравата и блескава кожа се кр...
Колкаво количество продукти за убавина треба да користите, според експерти Кога нанесувате крем со фактор, важно е да го прекриете цело лице, а за ова ќе в...
Лекува егзема и габички - Зошто водата со оцет е корисна за стапалата? Мирисот на испотените стапала најчесто произлегува од комбинација на пот и бакте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg