„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“

Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт за убавина кој наводно ја подобрува текстурата на кожата и го намалува црвенилото. Млада девојка решила да го тестира трикот и вели дека ќе продолжи да ја користи.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-01.jpg

ТикТок и Инстаграм се местa каде што можете да најдете безброј трикови за убавина.

Во последно време, доста популарна е оризовата вода која наводно ја подобрува текстурата на кожата на лицето и ѝ го враќа сјајот.

Приготвувањето на оваа оризова вода е прилично едноставно – во длабок сад ставете една шолја ориз, па наполнете ја со студена вода колку целосно да го прекриете оризот.

Промешајте го оризот – водата треба да добие бела боја – па истурете ја.

Со овој чекор всушност го миете оризот, како пред готвење.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-02.jpg

Повторете го ова два-трипати, за да се осигурите дека оризот ќе биде добро исчистен.

Од последното плакнење, немојте да ја фрлате водата, туку прецедете ја. Оризот слободно можете да го искористите за јадење.

Водата од оризот треба да ја складирате во добро затворен сад, кој не пропушта воздух, за да не се расипе.

Најдобро е да ја чувате водата во фрижидер и да ја користите најмногу една недела.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-03.jpg

Според советите на ТикТок и Инстаграм, ако секојдневно го прскате лицето со оваа вода или ја користите како тоник, поради состојките од оризот, текстурата на кожата ќе се подобри, а ќе се намали и црвенилото.

Една девојка – Даника – решила да го проба трикот, а своето искуство го споделува за BuzzFeed.

„Имам комбинирана кожа – Т-зоната ми е сува, додека остатокот од лицето ми се мрси. Исто така имам црвенило и широки пори.

Не сум склона кон акни, но моментално имам неколку на брадата. Не дека сум незадоволна од кожата, но дефинитивно можам да водам подобра грижа за неа.

Јас искористив две шолји ориз, но ако сакате помало количество, слободно употребете и една шолја.

Ја користев водата во шишенце со распрскувач и како тоник.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-04.jpg

Првата ноќ ја направив мојата вообичаена нега за кожа, но го заменив тоникот со оризова вода. Бидејќи стоеше во фрижидерот, студенилото беше смирувачко.

По првата ноќ, кожата ми изгледаше посветло, следното утро не изгледаше уморно.

sedum-dena-koristev-orizova-voda-za-da-go-podobram-izgledot-na-kozhata-na-liceto-shto-se-sluchi-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава