18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице

Тркалезно лице

Боб-фризура до рамена: Ова е една од најсоодветните фризури за дамите со тркалезно лице, бидејќи визуелно го издолжува. Истовремено може да ја носат и тие што имаат рамна и тие што се со кадрава коса.

Афро-фризура: Одлична е за жените со природно кадрава коса. Кај оваа фризура не се препорачуваат шишки - тие треба да бидат во иста должина со должината на косата.

Избричени страни со нагласени шишки: Оваа фризура е за посмелите дами - страните од главата се избричени скоро на целосно (1-2cm), а шишките се кренати високо со гел. За оваа фризура мора да имате густа коса, во спротивно нема да го добиете посакуваниот ефект.

18-trendi-frizuri-spored-oblikot-na-vasheto-lice-03.jpg

Срцевидно лице

Пикси-фризура со волумен: Оваа фризура ги нагласува јаболчиците и вилицата бидејќи фокусот е на волуменот на косата. Шишките е препорачливо да се носат на страна.

Кратка боб-фризура со кадрици: Оваа фризура е најсоодветна за дамите кои имаат природно кадрава коса, а која лесно се одржува со малку гел.

Средно-долга коса во слоеви: Ако вашата коса е прекршена, а имате срцевидно лице, тогаш ова е идеална фризура за вас. Идејата е да ја потсечете косата до рамена, во слоеви и на тој начин да ѝ дадете екстра волумен. За да го постигнете овој изглед можете да користите и спреј за коса.

18-trendi-frizuri-spored-oblikot-na-vasheto-lice-04.jpg

Долгнавесто лице

Мини боб: Оваа фризура е соодветна за дамите со кадрава или прекршена коса, а се постигнува со слоевито потстрижување. Предност е што ваквата фризура секогаш делува полна и со многу волумен.

Должина до раменици: Иако им одговара на дамите со долгнавесто лице, важно е косата да не биде рамно потстрижена, туку во слоеви.

Куса коса во вид на „тенџере“, со шишки: Оваа фризура става акцент на делот околу очите и јаболчиците. Важно е косата да е малку подолга од страните за да можете да ја ставате зад уши.

18-trendi-frizuri-spored-oblikot-na-vasheto-lice-05.jpg

Лице во форма на дијамант

Боб-фризура до брадата: Без оглед дали патецот ќе ви е на средина или на страна, ова е совршена фризура ако имате лице во форма на дијамант.

Должина до под рамена и шишки на страна: Оваа фризура ќе ги омекне острите црти на вашите јаболчици и ќе им даде баланс на рамните агли на лицето.

Кратка пикси фризура: За оваа фризура не ви требаат слоеви, туку да бидете рамно потстрижени. Шишките носете ги кренати нагоре - тоа ќе ѝ даде волумен на косата.

18-trendi-frizuri-spored-oblikot-na-vasheto-lice-06.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...

Најчитани неделава