Како да ја затегнете опуштената кожа на вратот (и зошто се јавува)?

Не излегувајте од дома без крем со фактор и правете едноставни вежби за врат, кои можете да ги видите во продолжение.

kako-da-ja-zategnete-opushtenata-kozha-na-vratot-i-zoshto-se-javuva-01.jpg

Со годините, еластичноста на кожата се намалува, а ова може да биде доста изразено во областа на вратот.

Сепак, годините не се секогаш причината за оваа појава – неретко влијаат и надворешни фактори.

А, ова значи дека може да направите некои промени, но и да одвоите време за некои вежби, за да ја затегнете кожата.

Зошто се јавува опуштена кожа во областа на вратот?

Покрај возраста и генетиката, изложеноста на сонце без заштита може да предизвика рано појавување на опуштена кожа на вратот.

Покрај тоа, некогаш „виновни“ се и мускулите во областа на вратот кои со годините слабеат.

Но, токму ова се добрите вести бидејќи со некои вежби можете да ги зајакнете овие мускули.

kako-da-ja-zategnete-opushtenata-kozha-na-vratot-i-zoshto-se-javuva-02.jpg

Дел од нив во продолжение:

Прва вежба

Кренете ја главата и гледајте кон таванот.

Потоа ставете ја едната дланка на клучните коски и нежно притиснете надолу.

Пробајте да ја придвижите долната вилица кон таванот, без да ја движите главата. Треба да почувствувате затегнување во областа на вратот.

Придвижете ја вилицата петпати, сменете ја раката, па повторете уште петпати.

kako-da-ja-zategnete-opushtenata-kozha-na-vratot-i-zoshto-se-javuva-03.jpg

Втора вежба

Легнете на грб и малку подигнете ја главата од подот.

Бавно свртете ја главата кон лево, па кон десно и кон напред, па спуштете ја на подот.

Повторете 5-6 пати.

Важно е да не ја движите главата нагло и ако почувствувате и најмала болка, веднаш престанете со вежбата.

kako-da-ja-zategnete-opushtenata-kozha-na-vratot-i-zoshto-se-javuva-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава