9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите

Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дека им стои добро само на супермоделите. Со кои други фризури е подобро да не ризикувате?

9-rizichni-frizuri-koi-ne-im-stojat-dobro-na-site-01.jpg

Одвреме-навреме секоја девојка и жена црпи инспирација од фризурите на познатите дами.

Но, само затоа што тие изгледаат добро со некоја фризура, не значи дека ќе им стои добро на другите, особено ако немаат време за секојдневно стилизирање и често одење на фризер.

Секако, ако сте пробале некоја од овие фризури и сте задоволни од тоа како ви стои, продолжете да си ја носите.

Девет фризури со кои е најдобро да не ризикувате:

Темна фарба во една нијанса

Проблемот во овој случај е тоа што бојата може да изгледа многу неприродно.

Ако, пак, природната коса ви е светла, ќе треба да се фарбате многу често бидејќи корените нема да изгледаат најдобро во контраст со темната фарба.

Ако сакате потемна боја, подобро е да ја нијансирате косата.

9-rizichni-frizuri-koi-ne-im-stojat-dobro-na-site-02.jpg

„Мулет“ фризура

Иако можете да налетате на многу шеги на сметка на оваа фризура, таа сепак стана хит изминативе година-две.

Но, проблемот кај оваа фризура е што им стои на навистина мал број девојки, а притоа ќе треба постојано да ја стилизирате за да не изгледате смешно.

9-rizichni-frizuri-koi-ne-im-stojat-dobro-na-site-03.jpg

Рамни шишки

Некои девојки и жени изгледаат навистина добро со шишки, но кај повеќето, оваа фризура додава години.

Ако сакате шишки, пробајте некој друг стил.

9-rizichni-frizuri-koi-ne-im-stojat-dobro-na-site-04.jpg

Бои кои бараат постојано фарбање

Слично како со темните фарби, постојат и други бои кои бараат редовно обновување бидејќи не изгледаат многу добро кога косата ќе подрасне.

Обично ова се многу светли нијанси или бои кои многу се разликуваат од вашата природна боја.

Кога одбирате боја на коса, земете предвид и колку често ќе можете да ја фарбате косата или да одите во салон.

9-rizichni-frizuri-koi-ne-im-stojat-dobro-na-site-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...

Најчитани неделава