5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето

Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе ви помогнат да ги зајакнете мускулите на лицето и да ја обликувате линијата на вилицата.

5-ednostavni-i-lesni-vezhbi-za-lice-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-saloto-01.jpg

Покрај добивањето тежина на стомакот и бутовите, и лицето е место каде што може да се здебелите.

Па, кога ќе се погледнете во огледало, тоа честопати може да ви предизвика непријатност и да ви ја руши самодовербата. Затоа, вежбите за лице се одговор на вашиот проблем.

Во продолжение погледнете неколку вежби кои може да ви помогнат да ги зајакнете мускулите на лицето и да ја обликувате линијата на вилицата:

Прва вежба

Затворете ја устата и вшмукајте ги образите навнатре, правејќи израз како лице од риба.

Додека сте во оваа позиција, обидете се да се насмеете и држете го лицето така од 15 до 20 секунди.

Потоа, ослободете го лицето и опуштете се. Повторете го ова барем 5 пати.

5-ednostavni-i-lesni-vezhbi-za-lice-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-saloto-03_copy.jpg

Втора вежба

Седнете или застанете, држејќи го грбот исправен. Навалете ја главата наназад, држете ја устата затворена и истегнете го вратот колку што можете повеќе.

Држете ја долната усна над горната и притоа гледајте нагоре. Држете се во оваа позиција околу 5 секунди.

Потоа, вратете ја главата назад кон почетната позиција и повторете го ова уште 10 до 15 пати.

5-ednostavni-i-lesni-vezhbi-za-lice-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-saloto-02.jpg

Трета вежба

Отворете ги очите широко, држете ги веѓите подигнати со показалците и внимавајте да не ви бидат збрчкани.

Потоа, ставете ги показалецот и средниот на краевите од веѓите, како на илустрацијата.

Со помош на показалецот и средниот прст, кревајте ги веѓите нагоре и надолу.

Повторувајте 3 серии од по 30 секунди.

5-ednostavni-i-lesni-vezhbi-za-lice-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-saloto-04.jpg

Четврта вежба

Наполнете ја устата со воздух и надујте ги образите, па држете го воздухот околу 10 секунди.

Потоа, префрлете го воздухот само на левата страна, држете така 10 секунди, па потоа на десната и така повторно држете 10 секунди.

Ослободете го воздухот, правејќи големо О со устата. Повторувајте ја вежбата 5 пати.

5-ednostavni-i-lesni-vezhbi-za-lice-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-saloto-05.jpg

Петта вежба

Оваа вежба е поедноставна, а за нејзино изведување потребно ви е гума за џвакање, без шеќер.

Само треба да џвакате најмалку 15 до 20 минути, и тоа двапати на ден.

5-ednostavni-i-lesni-vezhbi-za-lice-koi-kje-vi-pomognat-da-go-namalite-saloto-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава