Анастасија Илиевска за стилот и убавината: „Еднаш месечно одам на козметичар, вежбам 5 пати неделно“
Нега на лицето и телото
Мојата рутина се заснова на она less is more (помалку е повеќе). Наутро само го мијам лицето, задолжително хидратантна крема и SPF фактор, крема за околу очи.
Навечер најпрво ја вадам шминката (најчесто ја вадам веднаш штом дојдам дома, но навечер повторувам чистење), потоа убаво и темелно миење.
Потоа нанесувам recovery overnight oil, крема околу очи, лабело - ова е основата.
Повремено користам и серуми за одржување на млад изглед на кожата.
Еднаш месечно одам на козметичар за основен третман за чистење, а дома си правам пилинг на цело тело и секојдневно нанесувам хидратантен крем за тело.
Косата ја негувам многу и во коренот и на врвовите, и со маски за коса.
Самата си правам спреј од рузмарин и го користам за нега, регенерација и раст на косата.
Она што се промени од минато до денес е што сега многу внимавам на составот на козметиката која ја користам.
Начин на исхрана
Јас сум голем гурман. Уживам во храната. Но, внимавам да не претерам.
Јадам сè, не се лишувам од ништо, но внимавам на количината и интензитетот.
Во летниот период можам да живеам само на лубеници, дињи и салати.
Готвам секој ден, и тоа по неколку јадења.
Она што гледам да го избегнам за себе и за моето семејство е процесираната храна со многу вештачки бои и хемиски додатоци.
Попрво ќе зготвам дома отколку да го купам готово, ако знам дека е со лош состав.
Фитнес и физички активност
Вежбам 5 пати во неделата. Вежбам затоа што тоа прави да се чувствувам добро и физички и психички.
Посилна сум и физички и ментално кога вежбам, и сакам така да се чувствувам.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело