Румени образи, пердувести веѓи: Есенски трендови за шминка

Оваа есен не го заборавајте руменилото, а шминката за очи нека ви биде во постудени тонови. Што ќе биде тренд кај шминкањето сезонава?

rumeni-obrazi-perduvesti-vegji-esenski-trendovi-za-shminka-01.jpg

Со промена на сезоната, доаѓа ново расположение, нова мода и нови трендови. Славните шминкерки веќе ги истакнуваат новостите во шминкањето и што е она што ќе биде хит оваа есен 2024 година.

Од румени образи, до пердувести веѓи – ова се трендовите во шминкањето за оваа есен:

Румени образи

Оваа есен не го заборавајте руменилото, а секогаш е лесно да го следите овој тренд, затоа што брзо се нанесува, што дури можете и со вашите прсти – непосредно пред излегување.

Експертите препорачуваат да ставите руменило на јаболчиците на образите и преку носот, користејќи го она што останало, нежно ставајќи го на усните.

„Ладни“ тонови на очите

Шминката за очи сега е посуптилна отколку што беше претходните години. Очите нашминкани со „ладни“ тонови почнаа повторно да се во тренд и се подготвени да доминираат оваа сезона.

„Заматени“ усни

Уште еден тренд на шминкање, кој не бара премногу чекори за нанесување, се „заматените“ усни. Всушност, станува збор за не толку прецизно нанесување, така што ќе ги заматите рабовите на усните.

Во комбинација со зацрвенети образи ќе создадете впечатлив изглед.

Блескава кожа

Се чини дека мат шминката нема да биде толку присутна оваа сезона. Повеќе ќе доминира шминка со природен изглед и кожа која изгледа здрава и хидрирана.

Пердувести веѓи

Природниот изглед на веѓите ќе биде тренд. Лесно е да постигнете пердувести веѓи, а може да ги зацврстите со гел, при што ќе се уверите дека тој изглед ќе го имате во текот на целиот ден.

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...

Најчитани неделава