8 митови за убавина со кои ѝ штетите на кожата (и непотребно трошите пари)

Мит 5: Треба почесто да ги менувате продуктите за убавина

Кожата нема да стане отпорна на одреден продукт ако го користите долго.

Исто така, кожата нема ни да се навикне на некој продукт, па ако ви создава иритација, престанете да го користите.

Ако забележите дека некој продукт повеќе не е ефикaсен како претходно, можеби настанала промена во вашата кожа.

И, дури тогаш заменете го.

Но, штом нешто ви годи, нема потреба да го заменувате по некое време.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-06.JPG

Мит 6: Можете да ги намалите порите

Порите не се отвораат и затвораат, но со текот на времето можат да се прошират поради акни и проблеми со кожата.

А, нивната природна големина зависи од генетиката.

Тие може да делуваат како да се поголеми и ако се полни со нечистотии.

Па, нема продукти што ќе ги намалат порите, туку само ќе ги исчистат.

Доколку имате многу проширени пори и лузни од акни, тогаш консултирајте се со дерматолог за некаков лекарски третман.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-07.jpg

Мит 7: Кремовите помагаат за темните кругови под очите

Кремовите со состојки како витамин Ц можат малку да ја осветлат кожата под очите.

Но, темните кругови можат или да бидат наследни, или да се поради недоволно сон и лоши животни навики.

Доколу не ви се наследни, тогаш водете подобра грижа за здравјето и нивната видливост ќе се намали.

Кремовите, од друга страна, слободно користете ги за да ја негувате кожата во оваа болест и да ја забавите појавата на брчки.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-08.JPG

Мит 8: Нема потреба од хидратантен крем ако користите серуми

Серумите и хидратантните кремови имаат разни функции во негата на кожата.

Додека серумите се полни со активни состојки со разни придобивки, хидратантните кремови ја навлажнуваат кожата.

Кога кожата е хидрирана, помалку ќе се мрси или суши и ќе биде заштитена од низа проблеми.

Затоа, препорачливо е по серумот, да нанесувате и хидратантен крем.

8-mitovi-za-ubavina-so-koi-shtetite-na-kozhata-i-nepotrebno-troshite-pari-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава