7 фризури за жени, кои ќе бидат во тренд оваа пролет

Ако сакате да ја освежите косата на почетокот на пролетта, наместо само да ги потстрижете врвовите, соберете храброст и направете поголема промена. Една од овие тренди фризури сигурно ќе ви се допадне.

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-01.jpg

Некои жени постојано ја менуваат фризурата, други, пак, цел живот се со еден стил за кој веруваат дека им стои најдобро и не сакаат да експериментираат.

Но, ако вие сте од оние што не се плашат од промена на фризурата, тогаш прочитајте што ќе биде во тренд во пролетта 2025 и изберете една фризура која ќе го освежи вашиот лик.

Ова се 7 фризури кои ќе бидат во тренд оваа пролет:

Краток боб (до под уши)

Иако скоро никогаш не излегува од мода, според фризерите оваа година ИН ќе биде краток боб до под уши (или во линија со вилицата) - фризура која лесно можете да ја стилизирате и самите.

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-08.jpg

Пикси фризура

Кратко потстрижана коса на страните од главата и над вратот, а волуменозна на темето, со асиметрични шишки - пикси фризурата е идеална за храбри и самоуверени жени.

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-07.jpg

Бикси фризура

Ова е, всушност, комбинација од претходните две - краток боб до под уши со пикси фризура.

Но, според фризерите, ова е фризура која е малку потешка за одржување, па нивна препорака е да одите почесто на фризер.

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-02.jpg

Степенеста фризура со шишки

Оваа година до израз треба да дојде степенувањето на косата, па затоа се препорачува фризурата да е со шишки, а степенот да почне веднаш од под нив и да е силно изразен.

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-04.jpg

„Водопад“ на долга коса

Ако имате многу долга коса, можете да ја потстрижете во вид на „водопад“, односно во слоеви, така што секој слој што ќе оди од горе надолу ќе биде покус од претходниот (како на фотката).

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-05.jpg

Долга коса со шишки во различна должина

Наместо да носите рамни кратки шишки (или да ги потстрижете на косо), оваа сезона решете се за малку подолги шишки кои ќе ги носите во патец, а притоа ќе се во различна должина за да му дадат убав облик на вашето лице.

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-06.jpg

Долга коса потстрижена во форма на буквата V

Модерна и лесна за одржување, оваа фризура ќе биде во тренд цела пролет.

Им одговара на сите, но важно е косата секогаш да е зад рамениците за да може да се види формата во која е потстрижана.

7-frizuri-za-zheni-koi-kje-bidat-vo-trend-ovaa-prolet-03.jpg

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава