Грешки што ја оштетуваат кожата на лицето, а ги правиме сите

Многу често миење, грубо бришење со крпа, стискање мозолчиња – некои работи што ги правиме сите имаат навистина лошо влијание врз кожата на лицето.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site-01.jpg

Не е важно дали ги користите најскапите и најквалитетните продукти за нега на лице бидејќи ако имате некои лоши навики, ништо нема да ви биде од помош.

Неколку грешки што ги правиме сите, а ја оштетуваат кожата на лицето:

Многу често миење

Пречестото миење на лицето, особено со продукти, ја отстранува природната заштита на кожата, па ја прави посклона кон сушење и иритација.

Мијте го лицето двапати дневно, со нежен продукт, соодветен за вашиот тип кожа. По миењето, задолжително нанесете хидратантен крем.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site-02.JPG

Грубо бришење со крпа

Триењето со крпа ја растегнува и оштетува кожата што, пак, може да биде причина за рана појава на брчки.

Лицето секогаш бришете го со мека крпа, со тапкање – никако со триење.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site-03.JPG

Стискање мозолчиња

Никако не треба да ги стискате мозолчињата и акните бидејќи ќе ја иритирате кожата, а и ризикувате да ви останат лузни.

Ако имате проблематична кожа, користете соодветни продукти, а можете да се консултирате и со дерматолог за дополнителен третман.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site-04.JPG

Туширање со жешка вода

Жешката вода ги отстранува маслата кои се како природна заштита на кожата, па ја прави сува и иритирана.

Најдобро да се туширате со млака вода, а по туширањето секогаш да ставите и лосион за тело.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site.JPG

Често користење пилинзи

Пилингот ги отстранува мртвите кожи клетки и ја прави кожата помека и помазна. Но, ако претерувате, ќе ја иритирате кожата, ќе си создадете црвенило и, генерално, ќе ја направите почувствителна.

Не треба да правите пилинг почесто од двапати неделно, а ако имате проблематична кожа, избегнувајте ги пилинзите со гранули.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site-05_copy.JPG

Допирање на лицето

Без разлика колку често ги миете рацете, на нив сепак лесно завршуваат бактерии. Па, кога ќе го допрете и лицето, овие бактерии ќе завршат на кожата и може да ви создадат низа проблеми.

Затоа, избегнувајте да го допирате лицето.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site-06_copy.JPG

Користење валкани четки за шминкање

Додека се шминкате, на четките остануваат и дел од бактериите и мастите на кожата. Ако ги користите без да ги измиете, во комбинација со шминката, може да ви предизвикаат иритација, појава на мозолчиња и други кожни проблеми.

Важно е да ги миете четките барем двапати неделно, а најдобро по секое користење.

greshki-shto-ja-oshtetuvaat-kozhata-na-liceto-a-gi-pravime-site-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава