6 трикови за ефикасно отстранување шминка (за да ја заштитите кожата од иритации)

Продуктите како мицерална вода држете ги 30-тина секунди на очните капаци за полесно да ја отстраните маскарата и сенката за очи.

6-trikovi-za-efikasno-otstranuvanje-shminka-za-da-ja-zashtitite-kozhata-od-iritacii-01.jpg

Иако денес ни се достапни секакви продукти за нега на лице, секоја жена знае дека отстранувањето на шминката не е така лесно, особено кога е во прашање „понападна“ или водоотпорна шминка.

Но, некои трикови можат да ви го олеснат отстранувањето.

Дел од нив во продолжение:

Држете го продуктот 30 секунди

Кога отстранувате шминка со мицерална вода, масло или сличен продукт, треба да му дадете време да функционира. Ова е најважно за шминката на очите, како маскара која е водоотпорна.

Ставете го продуктот на тупфер и држете го 30 секунди на очниот капак за да има време да ја „раствори“ шминката. Потоа само нежно избришете.

6-trikovi-za-efikasno-otstranuvanje-shminka-za-da-ja-zashtitite-kozhata-od-iritacii-02.JPG

Два тупфери наместо еден

Бидејќи тупферите се многу тенки, продуктот, а потоа и шминката можат да ви се разлеат и по рацете и да не го исчистат лицето многу добро.

Затоа, подобро е да користите по два тупфери одеднаш.

6-trikovi-za-efikasno-otstranuvanje-shminka-za-da-ja-zashtitite-kozhata-od-iritacii-03.JPG

Трик со влажна крпа

За полесно да ја отстраните целата шминка, натопете чиста крпа со топла вода.

Држете ја крпата на целото лице неколку секунди, па потоа избришете ја шминката со продукт за отстранување.

6-trikovi-za-efikasno-otstranuvanje-shminka-za-da-ja-zashtitite-kozhata-od-iritacii-04.JPG

Отстранувајте ја шминката пред спиење

Никако немојте да си легнувате со шминка бидејќи може да си ја иритирате кожата, но и следното утро ќе биде размачкана и потешко ќе ја отстраните.

Па, пред спиење, задолжително темелно исчистете го лицето.

6-trikovi-za-efikasno-otstranuvanje-shminka-za-da-ja-zashtitite-kozhata-od-iritacii-5.JPG

Користете масло, па продукт на база на вода

Кога сте нашминкани со повеќе продукти, како на пример за на свадба, најдобро е да комбинирате продукти за отстранување.

Прво употребете продукт на база на масло кој ќе ја раствори шминката, па потоа уште еднаш исчистете го лицето со продукт на база на вода, како мицерална вода.

6-trikovi-za-efikasno-otstranuvanje-shminka-za-da-ja-zashtitite-kozhata-od-iritacii-06.JPG

Редовно чистете ги четките за шминкање

Дури и ако темелно го чистите лицето навечер, нема да ви биде од помош ако користите валкани четки за шминкање.

Па, чистете ги четките барем еднаш неделно со топла вода и нежен сапун или шампон.

6-trikovi-za-efikasno-otstranuvanje-shminka-za-da-ja-zashtitite-kozhata-od-iritacii-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава