7 тајни на жените од Јужна Кореја за здрава кожа на лицето, со „порцелански“ изглед
Масажа и вежби за лице
Вежбите за лице, нарекувани и јога за лице, ги активираат мускулите на овој дел од телото, што, пак, има влијание врз изгледот на кожата.
Масажата ја подобрува циркулацијата, а со тоа го поттикнува здравјето на кожата на лицето. На интернет можете да најдете безброј вежби и техники за масажата за лице.
Иако за некои масажи се користат ролери и слични алатки, не мора да купувате бидејќи има масажи за кои можете да ги користите и само вашите дланки.
Неколку слоеви тонер за лице
Тонерот ги чисти порите на кожата, ја хидрира, ја регулира нејзината pH вредност и ја подготвува за другите продукти за нега.
Ова е меѓу омилените продукти за убавина на Корејките и тие не нанесуваат само еден слој. Имено, пости таканаречен метод со седум слоеви за кој се верува дека ја зголемува ефикасноста на тонерот.
Најпрво треба да ја исчистите кожата, а потоа нанесете тонер. Откако ќе се исуши, нанесете од тонерот уште еднаш – треба да го повторите ова седумпати.
Бидејќи седумпати сепак се многу (и ретко кој има време), доволно е да нанесете и два-три слоја за да забележите разлика.
Кремот со фактор е задолжителен
Корејките не излегуваат од дома без да нанесат крем со фактор, а и кога се излезени, во чантата си го земаат и кремот.
Изложеноста на сонце без заштита е најбрз начин да добиете брчки, но и да си го зголемите ризикот од рак на кожа.
Па, не го заборавајте кремот со фактор, а кога сте излезени цел ден, нанесувајте го одново на секои 2-3 часа.
Не го заборавајте вратот
Кожата на вратот е поделикатна, па важно е да ја негувате и неа. Односно, кога го чистите лицето, чистете го и вратот. Кога ставате серум на лицето, ставете и на вратот. Кога ставате крем со фактор, ставете и на вратот...
Генерално, секој продукт што го нанесувате лицето, користете го и за кожата на вратот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





