7 тајни на жените од Јужна Кореја за здрава кожа на лицето, со „порцелански“ изглед

Двапати неделно ставајте маска што ја хидрира кожата, правете вежби за лице и јадете храна со пробиотици – како до порцеланска кожа, како на жените од Јужна Кореја?

7-tajni-na-zhenite-od-juzhna-koreja-za-zdrava-kozha-na-liceto-so-porcelanski-izgled-01.jpg

Во ерата кога сите сме (донекаде) опседнати со нега на кожа, корејските продукти стануваат сè попопуларни.

Од една страна, оние кои користат корејски продукти велат дека се навистина добри, а од друга, факт е дека жените од Јужна Кореја навистина изгледаат како да имаат порцеланска кожа.

Но, покрај тоа што имаат пристап до добра и квалитетна козметика, тие се служат и со низа трикови кои им помагаат да постигнат здрав и свеж изглед на кожата.

Па, кои се нивните тајни?

Двојно чистење на лицето

Прво правило за здрава кожа на лицето е никогаш да не си легнувате со шминка. Притоа, не треба да ја отстранувате шминката со што било, како на пример сапун или многу силни средства за миење.

Корејките прават двојно чистење на лицето – најпрво користат масло (или средство на база на масло) за отстранување шминка кое нежно ја чисти кожата. Потоа користат отстранувач на база на вода, како мицеларна вода, за уште потемелно, но нежно чистење на лицето.

Секако, не мора да ги користите баш овие продукти за двојно чистење, но користете нешто што нежно ја отстранува шминката, а не продукти кои ја сушат кожата.

7-tajni-na-zhenite-od-juzhna-koreja-za-zdrava-kozha-na-liceto-so-porcelanski-izgled-02.JPG

Маски за хидратација

За кожата да изгледа здраво, мора да биде хидрирана, а покрај кремовите за оваа намена, препорачливо е и еднаш-двапати неделно да користите маска.

Дури и ако имате мрсна кожа, не треба да заборавите да ја хидрирате кожата.

7-tajni-na-zhenite-od-juzhna-koreja-za-zdrava-kozha-na-liceto-so-porcelanski-izgled-3.JPG

Храна со пробиотици

Во Јужна Кореја многу популарна храна е кимчи – традиционално јадење од ферментиран зеленчук, најчесто зелка.

Ова јадење е богато со пробиотици кои, пак, се одлични за здравјето на кожата. Пробиотиците ја одржуваат pH вредноста на кожата, ја хидрираат и ја зајакнуваат нејзината природна заштита.

Бидејќи кимчи често е дел од исхраната на жените во Јужна Кореја, ефектите се видливи на нивната кожа. Па, внесувајте повеќе храна со пробиотици, како јогурт, кисела зелка, кисели краставички…

7-tajni-na-zhenite-od-juzhna-koreja-za-zdrava-kozha-na-liceto-so-porcelanski-izgled-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава