Грешки пред третман за депилација што козметичарките ги „вадат од такт“
Ставате лосион на телото или правите пилинг – со кои грешки ги вадите козметичарките од такт, бидејќи ја прават депилацијата неефикасна?
Депилацијата е можеби најдобриот третман за отстранување влакна – доволно е да го правите еднаш месечно, а по третманот кожата е дури и свилена.
Иако може да биде болна, со редовно депилирање ќе се навикнете на болката, но и влакната ќе се проретчат.
Сепак, пред да одите на третман, мора да имате предвид некои работи ако сакате депилацијата да биде ефикасна.
Кои се честите грешки што треба да ги избегнувате?
Ставате лосион или масло на кожата пред да одите на депилација
Треба да ја негувате кожата, но избегнувајте да ставате лосиони, масло или што било слично пред закажаниот термин. Дури и откако овие продукти ќе се впијат, мал дел сепак останува на кожата, а ова го отежнува депилирањето. Односно, восокот нема да може да ги „фати“ сите влакненца.
Пред депилација, препорачливо е само да се истуширате, но не со жешка вода. Истото важи и ако го депилирате лицето – кожата треба да биде чиста, без кремови, шминки и слично.
Користите продукти со ретинол
Од продуктите со ретинол има навистина многу придобивки, но треба да ги избегнувате пред депилација, без разлика дали на лицето или телото.
Ретинолот ја прави кожата почувствителна, па за време на депилацијата може дури и да ви се иритира и да се појави црвенило.
Впрочем, препорачливо е да избегнувате продукти со ретинол барем два дена пред депилација.
Правите пилинг пред депилацијата
Најдобро е да избегнувате каков било пилинг на телото и лицето барем два дена пред депилација.
Точно дека пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата, но ја прави и почувствителна. Па, ако си направите пилинг пред депилација, поголеми се шансите да се соочите со иритација и црвенило.
Но, од друга страна, препорачливо е редовно да правите пилинг, барем двапати неделно, бидејќи може да помогне во отстранувањето на поткожните влакна. Единствено избегнувајте го пред депилација.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





