Грешки пред третман за депилација што козметичарките ги „вадат од такт“
Се бричите
Очигледно, бесмислено е да се бричите пред третман за депилација, но треба да го избегнувате бричењето и некој период пред депилацијата.
На влакната ќе им треба повеќе од една недела за да стигнат до соодветна должина за да можат да се отстранат со восок.
Па, заборавете на бричењето барем две недели пред депилација. Ако сепак морате да се избричите, подобро поместете го терминот за депилација бидејќи ако влакната не се доволно долги, нема да можат да се отстранат.
Носите танга или тесна долна облека
По депилација, кожата е почувствителна, па важно е да носите удобна долна облека која не ве стега.
Исто така, носете долна облека од природен материјал, како памук, кој ќе ѝ дозволи на кожата да дише.
Вежбате или одите во сауна пред третманот
Дури и ако се истуширате по вежбање, телото ќе ви биде позагреано, што значи полесно ќе се потите за време на депилацијата. А, штом кожата е влажна, восокот нема да може да ги отстрани влакната.
Истото е и со сауната. За најдобри резултати, кожата треба да ви биде чиста и сува, а вие да не бидете загреани од сауна или некаква физичка активност.
Пиете многу алкохол
Избегнувајте алкохол на денот на депилацијата, но и претходната вечер.
Алкохолот може да ја направи кожата почувствителна, па и да ви се направат модринки од депилацијата.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





