7 (секојдневни) работи поради кои старееме побрзо

Кремите со заштитен фактор не се само за на плажа, туку треба да ги ставаме преку цела година, бидејќи сончевите зраци, дури и преку зима, се непријател на кожата. Кои други грешки го забрзуваат стареењето?

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-01.jpg

Сите сакаме да останеме колку што е можно подолго млади, убави, витални, исправени, без брчки и темни кругови под очите.

Но, исто така, сите правиме работи поради кои побрзо го старееме телото, и тоа, ги правиме скоро секојдневно.

Време е да престанеме и да се ослободиме од навиките кои прават телото и ликот да ни бидат постари од она што сме реално.

Кои се тие 7 работи поради кои побрзо старееме?

Лошо стоење и седење

Ако седиме подгрбавено, со главата надолу, или кога стоиме ги виткаме рамениците навнатре, делуваме изморено и не зрачиме со самодоверба.

А сето ова додава некоја година плус на изгледот, како животот да ни натежнал - затоа, исправете се.

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-07.jpg

Сината светлина е непријател на сонот

Скоро сите пред спиење „скроламе“ по телефонот, гледаме видеа, или што има на социјалните, а потоа си легнуваме.

Но, сината светлина што ја емитуваат екраните, му пречи на производството на мелатонин, хормонот за спиење.

Па, кога нема да заспиеме на време, кожата станува посува, под очите се појавуваат темни дамки и кесички - затоа, исклучете го телефонот уште пред да си легнете и дајте му на телото можност да се опорави.

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-04.jpg

Пиеме со цевки

Според експертите, пиењето од цевка значи постојано стегање на устата и зголемување на „браздите“ околу усните, па затоа препорачуваат да се пие директно од чаша, зашто самата уста ќе биде во нормална положба.

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-08.jpg

Вкочанетоста во движењата додава години

Не треба да трчаме маратони за да бидеме фит, но ако се движиме како секоја коска да нè боли и офкаме, сите во околината ќе сметаат дека сме постари од она што сме навистина.

Затоа, доволно е да пешачиме, да се растегнуваме и тоа ќе ни го исправи телото и неговата поставеност.

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-05.jpg

За убавина треба и крема со СПФ

Кремите со заштитен фактор не се само за на плажа, туку треба да ги ставаме преку цела година, бидејќи сончевите зраци, дури и преку зима, се непријател на кожата.

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-03.jpg

Ништо без добра навлака за перница

Секој од нас треба да има добра навлака за перница, зашто лицето ни ја допира перницата по 6-8 часа во текот на секоја ноќ и затоа е важно навлаката да е квалитетна и од добар материјал (по можност памук).

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-02.jpg

Хидратацијата е важна

Експертите советуваат да пиеме многу вода дневно, но водата да биде богата со минерали, зашто така се подобрува структурата на кожата.

7-sekojdnevni-raboti-poradi-koi-stareeme-pobrzo-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg