Колку трае, дали боли: Што треба да знаете ако првпат ставате ботокс?

Во просек, третманот со ботокс трае од три до четири недели, но ова може да варира од неколку фактори. Ако првпат ставате ботокс, важно е да знаете дека не дејствува инстантно и може да поминат и до две недели додека да го видите крајниот резултат.

kolku-trae-dali-boli-shto-treba-da-znaete-ako-prvpat-stavate-botoks01.jpg

Козметичките корекции со ботокс стануваат сè попопуларни, а ако сакате да го пробате и вие, треба да имате предвид некои работи.

Најпрво, но и најважно е да отидете кај личност која е лиценцирана за аплицирање ботокс и да не ризикувате со многу евтини варијанти.

Што друго е добро да знаете?

Како функционира ботоксот?

Кога е инјектиран на одредено место, супстанциите како ботокс го блокираат сигналот од нервите до мускулите и во зависност од дозата, ова ги намалува контракциите на мускулите. Кога овие контракции се намалени, кожата е поопуштена, па изгледа помазно и без брчки.

Сепак, ботоксот не е трајно решение бидејќи со текот на времето телото го разградува, па резултатите стануваат помалку видливи.

kolku-trae-dali-boli-shto-treba-da-znaete-ako-prvpat-stavate-botoks-02.JPG

По колку време делува ботоксот?

Ботоксот не делува инстантно, односно немојте да паничите ако не ја видите разликата веднаш.

Кај некои лица, резултатите почнуваат да се забележуваат по неколку денови, но во просек, треба да поминат околу две недели за да го видите крајниот резултат.

kolku-trae-dali-boli-shto-treba-da-znaete-ako-prvpat-stavate-botoks-03.JPG

Колку долго трае ботоксот и колку често треба да правите третман?

Во просек, третманот со ботокс трае од три до четири месеци, но во овој случај влијаени имаат и други фактори. Дозата, местото на инјектирање и слично можат да имаат влијание врз тоа колку долго ќе трае третманот.

Сепак, и ова може да биде индивидуално – истражувањата покажале дека кај некои луѓе со побрз метаболизам, ботоксот може да се разгради побрзо.

За тоа колку често да го правите третманот е најдобро да се консултирате со личноста што ви го аплицира ботоксот. За повеќето тоа е на три-четири месеци, но ако резултатот е видлив и по овој период, можете да почекате уште малку пред да одите на нов третман.

kolku-trae-dali-boli-shto-treba-da-znaete-ako-prvpat-stavate-botoks-05.JPG

Што можете да очекувате откако ќе ставите ботокс и можете ли да го продолжите траењето?

Некои студии покажале дека суплементите со цинк можат да направат резултатот да трае подолго. Исто така, треба да знаете дека многу честата напорна физичка активност може да го забрза метаболизмот, а ова да го забрза разградувањето на ботоксот.

Што се однесува до болката, повеќето луѓе велат дека инјекциите не се болни и дека повеќе има чувство како нешто малку да ве боцнало. Иглите што се користат за ботокс се мали, а самата процедура трае многу кратко, така што и непријатното чувство ќе трае многу малку.

Откако ботоксот ќе ви биде аплициран, нормално е да забележите мали модринки, слаба болка или оток на местото каде што бил инјектиран. Некои луѓе краток период чувствуваат и главоболка.

Важно е да одите кај лиценциран козметичар или дерматолог бидејќи ако ботоксот не е аплициран соодветно, може да се јави асиметрија на лицето, спуштени капаци и слични симптоми кои ќе траат и неколку месеци.

kolku-trae-dali-boli-shto-treba-da-znaete-ako-prvpat-stavate-botoks-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg