Трикови и ритуали за убавина на холивудските актерки од минатото (што треба да ги пробате)
Бет Дејвис
За да се ослободи од подочниците, но и брчките во оваа област, актерката Бет Дејвис користела комбинација од вазелин и краставица.
Под очите ставете тенок слој вазелин, па врз нив ставете крукчиња краставица и оставете да стои барем половина час.
Вивиен Леј
Вивиен Леј ја негувала кожата со масла, а можете да го пробате целиот третман што го правела.
Нанесете масло за тело (или лице ако правите третман на лицето), па со чиста крпа натопена во топла вода направете нежен пилинг.
Истуширајте се со постудена вода, па додека кожата ви е уште влажна, нанесете уште малку од маслото.
Грета Гарбо
За очите, Грета Гарбо мешала малку вазелин со црна сенка, па ја нанесувала на горниот капак. Ја нанесувала како ајлајнер и малку ја размачкувала за да изгледа поприродно.
Греј Кели
Грејс Кели важи за безвремена убавица, а наместо да користи силна шминка, таа само ги истакнувала своите карактеристики.
И, за ова користела контурирање – долго пред техниката за шминкање да се прослави.
Актерката користела нијанси слични на нејзината природна боја на кожата, па крајниот резултат делува како да нема воопшто шминка.
Спирова С. | Црнобело