Трикови и ритуали за убавина на холивудските актерки од минатото (што треба да ги пробате)
Мерилин Монро ставала три нијанси на црвен кармин за да го постигне впечатливиот изглед на нејзините усни.

Иако денес ни се достапни безброј продукти за нега и убавина, некои ретро трикови и совети сепак можат да бидат поефикасни во одредени ситуации.
Актерките од златната ера на Холивуд до денес се симбол за женственост и убавина, а за да изгледа што е можно подобро, секоја од нив си имала разни ритуали.
Дел од нивните трикови за беспрекорен изглед:
Рита Хејворт
Бујната коса е заштитен знак на Рита Хејворт, а актерката ја негувала со маслиново масло.
Прво ја миела косата, па додека уште е влажна, нанесувала маслиново масло на врвовите и ја виткала во крпа. Пo неколку минути ја плакнела со шампон.
Мерилин Монро
На Мерилин Монро, пак, заштитен знак се црвените усни.
За да го постигне впечатливиот изглед, Мерилин користела три нијанси на црвена – во средината нанесувала малку потемен мат кармин, додека на краевите поинтензивна нијанса на црвена. На крај нанесувала уште еден слој со нијанса малку посветла од првата.
Елизабет Тејлор
Елизабет Тејлор го бричела лицето за кожата да ѝ биде помека, но и за шминката да изгледа подобро.
Овој тренд е популарен и денес, но не е препорачливо да го пробувате ако имате чувствителна кожа бидејќи може да ви предизвика иритација.
Ако сакате да му дадете шанса, прво пробајте на мал дел од лицето за да видите како ќе ви реагира кожата.
Прочитајте и: Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето?
Одри Хепберн
Одри Хепберн е препознатлива по големите очи и заводливиот поглед, а за ова, секако, заслужни се и нејзините трепки.
Убавата актерка нанесувала неколку слоеви маскара, а потоа ги одделувала влакненцата со игла за да делуваат поприродно.
Ако го пробувајте овој трик бидете екстремно внимателни.