Плетенки, шарени марами - топ фризури за на плажа или покрај базен
Избравте бикини или костим за капење, знаете какво фустанче ќе облелете (или кратки панталончиња со маичка), но време е да смислите и каква фризура да направите - а потоа ќе бидете подготвени за на плажа или за ден покрај базен.

Летната сезона е во полн ек, иако летото не е официјално почнато.
Но, тоа не значи дека уште сега не треба да размислувате за тоа какви костими за капење ќе носите, дали ќе облечете фустанче или кратки фармерки за на плажа или ако одите на базен.

И секако - каква фризура ќе направите.
Ако имате долга или средно долга коса, тогаш фризерите советуваат да ја врзете во плетенка, да ставите марама, или да направите „лабава“ пунџа.
Можете да користите и други аксесоари, како капчиња, украсно шноли со морски мотиви, шарени ластичиња и слично.
Погледнете ги топ предлозите од фризерите за фризури за на плажа или покрај базен за лето 2025:
А. Ј. | Црнобело