Јапонска техника за подмладување на пределот околу очите - потребна е само 1 минута

Со неколку едноставни вежби со притискање на пределот околу очите, можете да ги поткренете нагоре и да им го вратите младешкиот изглед... Како изгледа оваа јапонска техника?

japonska-tehnika-za-podmladuvanje-na-predelot-okolu-ochite-potrebna-e-samo-1-minuta-02.jpg

Како поминуваат годините, така забележуваме дека нашите очи стануваат уморни и тажни, веѓите и горните очни капаци се спуштаат, исто како надворешните агли на очите. Прво се појавуваат мали брчки, а потоа и длабоки.

Но, сепак постои начин да го подмладите пределот околу очите, а во тооа ќе ви помогне азиската шиацу масажа.

Оваа техника се разликува од другите по тоа што единствените движења што треба да ги направите е да притискате на одредени точки на пределот околу очите.

Шиацу масажата треба да се практикува секој ден, а трае само една минута.

Треба да се прави наутро, навечер или кога чувствувате дека очите ви се изморени.

Како делува шиацу масажата?

Притисокот врз одредени точки на телото и лицето помага крвта и лимфата подобро да циркулираат.

На овој начин се одвиваат многу побрзо и поефикасно метаболичките процеси во ткивата, и се подобрува природниот процес на регенерација на организмот.

Важно е да знаете дека не смеете да ги масирате овие зони, туку само да ги притискате и тоа со среден интензитет, за да почувствувате мала непријатност.

Оваа масажа помага и за зајакнување на мускулите на лицето, ги „пегла“ брчките, ја зголемува еластичноста на кожата бидејќи го стимулира производството на колаген и еластин, а се нормализира лачењето себум.

Како да изведете една шиацу масажа?

Кревање на веѓите

Делува на внатрешниот и надворешниот крај на веѓите, како и на средината на веѓите

Поставете го показалецот, средниот и домалиот прст на овие три точки и притиснете ги.

За да ги „вратите веѓите на своето место“, насочете го притисокот на краевите на веѓите малку нагоре.

Време: 7 секунди.

japonska-tehnika-za-podmladuvanje-na-predelot-okolu-ochite-potrebna-e-samo-1-minuta-03.jpg

Отстранување на „перничињата“

Притисокот е на надворешните агли на очите.

Поставете ги показалците на соодветните точки, малку загрејте го тоа место, па притиснете и на крајот тргнете ги прстите.

Можете само малку да ги повлечете мускулите кон слепоочниците, без да ги кревате прстите.

Запомнете - не треба да ја влечете кожата, туку самиот мускул.

Време: 3 секунди, но повторете ја вежбата 3 пати.

japonska-tehnika-za-podmladuvanje-na-predelot-okolu-ochite-potrebna-e-samo-1-minuta-04.jpg

Отстранување на отокот

Притисокот треба да е на внатрешниот агол на окото, помеѓу окото и носот.

Поставете ги показалците на наведените точки на внатрешната страна на очите и движете ги кон надворениот раб на окото, но без да ја истегнувате или поместувате кожата.

Истовремено, со показалецот и средниот прст можете да вршите притисок на внатрешниот и надворешниот агол на окото.

Време: 3 секунди, а вежбата треба да ја повторите 3 пати.

japonska-tehnika-za-podmladuvanje-na-predelot-okolu-ochite-potrebna-e-samo-1-minuta-05.jpg

Отстранување на брчките меѓу веѓите

Со оваа вежба делувате помеѓу веѓите, во зоната на „трето око“.

Спојте ги показалецот, средниот и домалиот прст, а потоа притиснете ги трите точки меѓу веѓите.

Време: 5-7 секунди, а вежбата повторете ја 2 пати.

japonska-tehnika-za-podmladuvanje-na-predelot-okolu-ochite-potrebna-e-samo-1-minuta-06.jpg

Подмладување на кожата под очите

Делувате на работ на коската под очите.

Поставете ги показалецот, средниот и домалиот прст на точките под очите кои се покажани на илустрацијата и притиснете.

Време: 10 секунди, а вежбата треба да ја повторите 2 пати.

japonska-tehnika-za-podmladuvanje-na-predelot-okolu-ochite-potrebna-e-samo-1-minuta-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Пет грешки поради кои не ви помага ни најскaпиот антиперспирант во лето Ставате антиперспирант неколкупати во текот на денот без да ги исчистите пазувит...
Трендови за убавина со кои ќе треба да се збогувате во 2026-та (и немојте да жалите за тоа) Ако не можете (или не сакате) да се откажете од хајлајтерот, бидете многу умерен...

Најчитани неделава