Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2025 (и од кои познати мириси се инспирирани)?
Од летната верзија на ZARA Femme со мирисни ноти на мандарина и портокал, до заводливиот мирис на Gardenia со ноти на расцветано портокало дрво и кафе, во комбинација со праска и малина – кој ќе биде вашиот фаворит од ZARA за лето 2025?

Парфемите на ZARA се многу популарни, а не е тајна дека нивните мирисни ноти се инспирирани и имитирани од мирисите на познатите луксузни брендови.
Со оглед на тоа што имаат далеку попристапни цени, а палетата на производи е огромна, многумина ги обожаваат.
Инфлуенсерки честопати споделуваат искуства од овие парфеми, а овој пат предлагаме топ 5 парфеми кои се идеални за ова лето.
Кој ќе биде вашиот фаворит од ZARA?
ZARA Femme Summer Eau de Toilette (потсетува на Chanel Chance Eau Tendre)
Ова е летна верзија од ZARA Femme Eau, а мирисните ноти се комбинација од бергамот, мандарина, портокал, јасмин и магнолија, со нежна база на дрво.

ZARA Orchid Extra-Bloom Eau de Parfum (потсетува на Victoria's Secret Bombshell)
Посилна и позаводлива верзија од класичниот Orchid од Basic колекцијата, со вибрантни мирисни ноти на праска, маракуја и расцветана орхидеја, со топла основа на дрво. Остава неодолива трага.

ZARA Gardenia EDP (потсетува на Yves Saint Laurent Black Opium)
Со заводлив мирис од меки и нежни бели цветови, овој парфем ја пренесува пасијата за мирисни ноти на расветано портокало дрво и кафе, во комбинација со праска и малина – идеален за топлите летни денови.

ZARA Apple Juice Intense (потсетува на Chanel Chance Eau Tendre)
Станува збор за поинтензивна верзија од легендарниот Applejuice, со вибрантни и силни мирисни ноти кои се комбинација на свежината од киви, јаболко и грејпфрут, со флорална нота од јасмин, роза и љубичица. Основата на мошус, кедар и сандалово дрво додаваат доза на софистицираност и длабочина која останува запомнета.

ZARA Amalfi Sunray EDP (потсетува на Tom Ford Neroli Portofino)
Ова е свеж и впечатлив парфем чии мирисни ноти се комбинација од мирисот на бергамот и мандарина, со нежна доза на расцветано портокалово дрво и мека основа на мошус. Остава впечаток на модерна елеганција, идеален за сончеви денови.

М. М. | Црнобело
