Колку е ефикасна гуа ша масажата (и како да ја направите дома)?

Се верува дека гуа ша масажата може да ги измазни брчките, но иако ова не е докажано, низа студии потврдуваат дека е корисна и може да го подобри изгледот на кожата бидејќи ја подобрува циркулацијата.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite-01.jpg

Еден од најголемите трендови за нега и убавина изминативе година-две е масажата позната како „гуа ша“ (gua sha).

Масажата, или техниката, потекнува од источните азиски земји, а се изведува со мал алат со заоблени рабови, како на фотката подолу.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite-05.JPG

Техниката е популарна и во традиционалната кинеска медицина, според која се верува дека го подобрува протокот на „виталната енергија“ и со тоа го подобрува здравјето.

Иако во Кина и во други азиски земји се користи веќе 2.000 години, оваа техника е релативно нова на западот.

Почна да се прославува благодарение ТикТок и Инстаграм, каде можете да најдете безброј видеа кои тврдат дека ваквата масажа на лице ја подобрува состојбата на кожата, но и ја намалува појавата на брчки.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite-12.JPG

Дали гуа ша масажата е навистина ефективна (и како да ја изведите)?

Кои се потенцијалните придобивки од гуа ша?

Според постаро истражување од 2007 година, гуа ша може да ја подобри циркулацијата. Исто така, испитаниците забележале и намалена напнатост и болка во мускулите во областа каде им била направена масажата.

Друго истражување од 2011-та покажало дека техниката може да биде ефикасна и во намалување на болки низ телото.

Истражување од 2017 година покажало дека гуа ша масажата може да биде од помош и во намалување на хроничната болка во грбот.

Иако може да се изведе на целото тело, најпопуларна е гуа ша масажата на лице, за која поновите истражувања покажуваат дека покрај тоа што ја намалува болката, ја поттикнува и циркулацијата, од што има низа бенефити.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite-02.JPG

Генерално, гуа ша масажата е докажано ефикасна за:

  • Грчеви во мускулите
  • Анксиозност
  • Притисок во синусите
  • Подобра циркулација
  • Намалување отоци

Сепак, важно е да се напомни дека овие истражувања се ограничени и малубројни, па не значи дека сите ќе го чувствуваат истиот бенефит.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite-06.JPG

Постојат ли ризици од гуа ша?

Генерално, оваа техника е безбедна доколку се изведува правилно.

По масажата на тело, може да се чувствува слаба болка на третираното место, која би требало да се повлече по три-четири дена. За масажата на лице се користи минимален притисок, па не би требало да се јави болка.

Доколку алатките што се користат гуа ша не се правилно исчистени, може да настанат проблеми со кожата.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite-11.JPG

Според досегашните студии, најдобро прескокнете го третманот со гуа ша доколку:

  • Имате дијабетес
  • Имате проблеми со циркулацијата
  • Пиете лекови за проретчување на крвта
  • Бремени сте (или мислите дека сте бремени)

Избегнувајте гуа ша на лице доколку:

  • Имате ставено филери, ботокс и слично во изминатиот месец
  • Имате проблем со кожата, како псоријаза

Засега нема докази дека гуа ша масажата ги измазнува брчките, но дефинитивно може да ја ги подобри состојбата и изгледот на кожата

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite03.JPG

Како да ја изведите техниката?

Најпрво треба да си ги набавите соодветните алатки – денес лесно можете да ги најдете и онлајн, на пример на Temu. Важно е темелно да ги исчистите пред употреба.

Постојат две алатки кои најчесто се користат за гуа ша:

Камен, кој обично е направен од кварц или жад и се користи за веѓите, вилицата, грлото, образите и челото

Ролер кој исто така е направен од мазен камен и може да се користи на лицето.

Важно е да користите и масло за лице или тело и да не се масирате на сува кожа.

Ако имате проблематична кожа, тогаш купете крем или серум соодветен на вашиот тип кожа. Можете да го нанесувате и повеќепати во текот на масажата, па нема потреба да биде помрсен.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite09.JPG

Како да ја изведите масажата на лице?

- Измијте ги рацете и лицето, па ставете серум или лосион. За поголема површина на лицето, како вилицата, користете го подолгиот дел од каменот, а за помали површини, како јаболчниците, користете го помалиот.

- Почнувајќи од вратот, со алатката за гуа ша правете нежни движења – од клучната коска до увото. Повторете три до петпати, па направете ја масажата и на друга страна.

- Потоа, поставете го каменот или ролерот на средината на брадата, па нежно придвижете го по вилицата, до увото. Повторете и на другата страна.

- Потоа, бавно придвижете го каменот или ролерот по јаболчицата, од увото. Повторете и на другата страна.

- Следно, почнувајќи под десното око, нежно повлечете ја алатката кон увото во права линија, па повторете и на другата страна.

- Потоа, почнувајќи од средината на десната веѓа, повлечете ја алатката кон надвор, до косата, и повторете на другата страна.

- Последно, ставете ја алатката на горниот дел од левата веѓа и придвижете ја нагоре по челото, повторете и на другата страна.

kolku-e-efikasna-gua-sha-masazhata-i-kako-da-ja-napravite-08_copy.JPG

Важно е движењата да ви бидат нежни и да не создавате притисок. Некои експерти препорачуваат да ја правите масажата два до трипати неделно за да забележите ефект.

На интернет можете да најдете и бројни видеа кои ги опишуваат сите чекори од масажата, а можете да се консултирате и со професионалец.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава