Зголемете ги вашите гради природно

Завидувате на совршеното деколте на Памела Андерсон која со безброј пластични операции успеала да ги зголеми своите гради и станала секс симбол во светот? Не сте задоволни со големината на вашите гради и сакате да го зголемите бројчето на градникот, но немате пари за пластична операција?

zgolemete-gi-vasite-gradi-prirodno-1

Применете некој од овие совети со кои ќе ги зголемите вашите гради на природен начин за само неколку месеци.

Пијте микс од папаја и млеко секој ден

Оваа необична комбинација содржи витамини кои влијаат врз растот на вашите гради. Може да јадете и папаја дополнително.

Вежбајте

Посетете ја најблиската теретана и прашајте го тренерот околу вежбите за гради кои освен што ќе ги зацврстат и ќе ги подигнат. Така ќе постигнете визуелен ефект на поголеми гради кој ќе ве воодушеви.

Пробајте растителни билки за природно зголемување на градите

Скокнете до блиската аптека во градот и распрашајте се за билки кои влијаат врз растот на гради. Немаат штетно влијание, а може да ви помогнат.

Јадете протеини

Јајцата, млекото и месото нека станат дел од вашата секојдневна исхрана. Познато е дека протеините го зголемуваат секој мускул од нашето тело, а градите не се исклучок.

Испробајте креми за зголемување на гради

Многу девојки се скептични кога се работи за креми, но ништо не ве чини доколку пробате. Можеби кај вас овие креми ќе делуваат навистина.

 Бидете трпеливи!

Најважно од се е да бидете трпеливи. Ниедна долго посакувана желба не се исполнила преку ноќ.

Пробајте еден од овие различни совети околу зголемување на вашите гради или комбинирајте неколку одеднаш. Резултатите ќе бидат видливи само по неколку месеци.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
4 грешки поради кои пудрата ви изгледа лошо и неприродно Ја нанесувате со суво сунѓерче и ја тегнете кожата кога ја размачкувате. Ја н...

Најчитани неделава