Совети од доктор Оз: 3 брзи решенија против стрии

Исто како и брчките и целулитот, стриите спаѓаат во групата на најомразените женски проблеми. Факт е дека е невозможно целосно да се отстранат, но со правилна метода и квалитетни препарати, резултатите може да бидат зачудувачки добри.

soveti-od-doktor-oz-3-brzi-resenija-protiv-strii-01

Популарниот доктор Оз ги понуди овие 3 решенија:

1. Лосион со витамин Ц

„Изгледа едноставно, но ако набавите лосион кој содржи витамин Ц ќе го олесните создавањето на колаген. Овој витамин ви помага да ја вратите еластичноста на кожата, што резултира со помалку видливи стрии.“

Доволно е да го користите лосионот наутро и попладне за да добиете брзи резултати.

2. Крема со третоноин

Кремите со третоноин се достапни на рецепт и се соодветни за свежо настанатите стрии кои се потемни од остатокот од кожата.

„Третманот претставува посебен облик на витамин А кој мора да го практикувате најмалку 12 недели за да забележите резултати. Доколку ова решение ви е скапо, најдобра алтернатива се кремите со ретинол.“

3. Микродермабразија

Под микродермабразија се подразбира нежна ексфолиација и полирање на кожата за да се минимизираат сите несовршености.

„Микродермабразијата и дозволува регенерирање на кожата така што буквално ги отстранува сите несовршености од површината. Не боли, а му дозволува на телото само да ги излечи стриите.“

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава