Убавината на допирот кај негуваните раце

Негуваните и нежни раце и убаво лакираните нокти се одраз на жената која се грижи за својот изглед постојано.

ubavinata-na-dopirot-kaj-neguvanite-race-1

Не сте се грижеле доволно за вашите раце и нокти досега? Оваа кратка лекција за нивно негување ќе ви помогне да заблескате во секоја прилика, оставајќи впечаток на негувана, софистицирана дама.

Редовна нега со креми

Кај убавите и нежни раце не е потребна никаква магија. Редовната грижа за ноктите и омекнувањето на рацет со крем, може да биде вистински одмор кој ќе го спроведувате како мал ритуал. Бидејќи нашите раце секојдневно извршуваат низа задачи, потребно да посветите повеќе внимание на нивната нега.

После секое миење на рацете нанесувајте дебел слој крема за на изморената кожа да ѝ пружите доволно влажност и хранливи состојки.

Кремата убаво втријте ја во кожата, а воедно и намачкајте ги ноктите, кои откако ќе ја впијат ќе бидат подобро подготвени за маникир. Покрај кремите, за нега може да користите и масла од кои кожата станува помека и помазна.

ubavinata-na-dopirot-kaj-neguvanite-race-3

 Отстранување на кожичките

Следниот чекор подразбира потопување на рацете во специјална купка за дланките. Така ќе омекне кожичката во коренот на ноктот, па на тој начин полесно ќе се отстрани. Кожичката немојте да ја сечете со ножички, туку употребете метални или дрвени стапчиња.

Со нив лесно поттурнете ја кожичката нагоре кон коренот на нокотот. Вишокот од кожичката можете лесно да го отстраните со ножички. Откако ќе го направите ова, вашите нокти ќе бидат подготвени за лакирање.

Обликување со турпија

Откако ќе ги омекнете убаво врвовите на прстите и ќе ја средите кожичката, обликувајте ги ноктите со турпија.  Потоа исчистете ги вашите нокти со влажно марамче и налакирајте ги. Прво нанесете безбоен лак кој ќе ги пополни сите нерамнини на ноктот, а потоа нанесете лак во омилената боја.

Истата постапка практикувајте ја со ноктите на вашите нозе, доколку сакате тип - топ средени нокти.

ubavinata-na-dopirot-kaj-neguvanite-race-2

Нега со масла

Завршната нега на рацете е со маслата кои ѝ даваат двојно омекнување на кожата. Може да користите масло од авокадо, соја и рицинусово масло, а може и да ги комбинирате сите три заедно. Измешајте по една лажичка од трите масла и нанесувајте го на рацете еднаш дневно.

На овој начин ќе ја почувствувате убавината на допирот на вашите сопствени раце.

Како вие ги негувате вашите раце?

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава