Мали трикови за убавина кои ќе ви го олеснат животот

Лошиот женски ден најчесто започнува со наелектризирана коса, некоја модринка на видливо место и скршен кармин. Но, има брзи решенија и не е сè уништено како што ви се чини.

mali-trikovi-za-ubavina-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-01

1. Спасете го скршениот кармин - Заради силата со која го нанесувате, големи се шансите да го скршите. Ако веќе ви се случило ова со омилениот кармин, доволно е само да го загреете и внимателно да го обликувате. Преку ноќ оставете го во фрижидер и утре дента карминот ќе биде како нов.

mali-trikovi-za-ubavina-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-02

2. Сокријте ги модринките - Доволна е една точка ББ крема која ќе ги прекрие несовршеностите на кожата, а воедно и ќе ја хидрираат.

mali-trikovi-za-ubavina-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-03

3. Наместо крема за бричење користете регенератор за коса - Колку пати ви се случило непријатно да се изненадите кога кремата за бричење ќе ви се потроши? Не се грижете, лесно може да ја замените со регенераторот за коса. Плус, дополнително ја омекнува и негува кожата.

4. Издржливост на шнолите - За да ви издржат цел ден во косата, најдобро би било да ги пропрскате со лак за коса, па тогаш да ги закачите во косата.

5. Непослушни веѓи - Доколку ви се разлетаат на сите страни, користете безбоен балсам за усни. Само нежно нанесете, исчешлајте и веѓите ќе ја добијат посакувана форма.

mali-trikovi-za-ubavina-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-04

6. Брза нега за стапала - Најдобар и најефективен начин да се изборите со сувите стапала е да ги премачкате со вазелин и да облечете памучни чорапи. Преспијте со нив и проблемот е решен.

7. Долготраен кармин - За карминот да ви издржи цел ден, по нанесувањето залепете тенка салфетка и преку неа, со мала четка нанесете пудра во прав. Така ќе го фиксирате карминот и ќе го спречите размачкувањето.

8. Спречете го боењето на забите со кармин - Нема ништо полошо од црвен кармин на бели заби. Откако ќе нанесете кармин, ставете го показалецот во уста и повлечете. Вишокот кармин ќе се задржи на прстот, наместо на забите.

mali-trikovi-za-ubavina-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-05

9. Втора намена на четката за заби - Не ја фрлајте старата четка за заби! Користете ја за да направите пилинг на усните, а можете и да ја испрскате со лак и да ги смирите непослушните кратки влакна.

mali-trikovi-za-ubavina-koi-ke-vi-go-olesnat-zivotot-06

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg