Дали шминката влијае на туѓата перцепција кон вас?

Една млада девојка заинтересирана за опсесијата и посакувањето на совршениот изглед, одлучила да спроведе мал експеримент и сето тоа да го документира.

proverete-dali-sminkata-vlijae-na-tugjata-percepcija-kon-vas-01

Бринтон Паркер дошла до идејата поттикната од константните негативни коментари од своите колеги кои ги нарекува „Селфи генерација“, а кои главно се однесуваат на туѓиот изглед.

Затоа, одлучила во текот на една недела да се појави на предавања во три различни изданија: без шминка, со малку шминка и со комплетна вечерна шминка, па да ги забележи разликите во начинот на кој останатите се однесуваат.

Кога се појавила првиот пат без шминка, многумина очекувано ја прашале дали имала напорен викенд? Дури и келнерот кој ја послужувал со кафе ѝ порачал дека добро ќе ѝ дојде поголема количина.

proverete-dali-sminkata-vlijae-na-tugjata-percepcija-kon-vas-1


Кога се појавила со умерена шминка на лицето добила најмногу комплименти. Девојките ја фалеле нејзината масакра и нејзиниот сјај, како и свежиот и убав изглед.

proverete-dali-sminkata-vlijae-na-tugjata-percepcija-kon-vas-2


Последниот ден дошла со многу шминка на лицето па коментарите главно се однесувале на викендот, а некои мислеле дека уште рано наутро е подготвена за вечерно излегување.

proverete-dali-sminkata-vlijae-na-tugjata-percepcija-kon-vas-3

Бринтон не мисли да ги промени своите навики во шминкањето поради резултатите, Таа и понатаму планира да користи само малку шминка, без оглед на тоа што можеби нема да добие толку комплименти.

Би можело да ве интересира:

Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...

Најчитани неделава