Ослободете се од подраснатите влакненца после депилација

Нема ништо полошо од иритирана кожа после бричење или депилација, а појавата на подраснати влакненца е една од најлошите појави. Редовниот пилинг ќе ви помогне да се ослободите од благиот облик на внатрешни влакненца.

oslobodete-se-od-podrasnatite-vlaknenca-posle-depilacija-01

Се препорачува проблематичните делови да ги премачкувате со препарат на база на салицилна или гликолна киселина. За ублажување на црвенилото и отокот, добар избор е хидрокортизонската крема.

Доколку е видлив врвот на влакненцата, фатете ги со пинцета. Претходно дезинфицирајте го местото, но и пинцетата. Доволно е да ги пребришете со алкохол. Никако немојте со пинцетата да поткопувате под кожата за да не го зголемите дополнително проблемот.

За да го решите долготрајно овој проблем, најдобро е да внимавате на превенцијата.

Ако користите брич, обидете се да се бричете така што бричот ќе го повлечете низ влакната, наместо спротивно од нивниот раст. Освен тоа, немојте да ја затегнувате кожата за време на бричењето.

Проблематичните делови редовно мачкајте ги со крем или лосион кој содржи салицилна киселина.

oslobodete-se-od-podrasnatite-vlaknenca-posle-depilacija-2

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...

Најчитани неделава