9 совети од жената која се грижи за чоколадниот тен на ангелите на Викторијас Сикрет

Ако сакате беспрекорен тен како оној на ангелите од „Викторија Сикрет,“ ова лето конечно ќе имате можност да го постигнете, благодарение на овие совети.

soveti-za-besprekorno-potemnuvanje-na-vasiot-ten-1

Кристин Прадас е жената која е заслужна за прекрасниот тен на ангелите, а затоа што секоја девојка сонува за таков тен, Кристин реши да сподели неколку клучни тајни.

1. Секогаш купувајте препарати за потемнување кои содржат масла. Вашата кожа ќе биде нежна, убава и бојата која ќе ја добиете ќе ви трае подолго.

2. Доколку не можете да дочекате маслото да се впие во вашата кожа, користете гелови. Тие полесно се впиваат за разлика од маслата, но имајте на ум дека нивниот ефект не трае доволно долго.

3. За оние со мрсна кожа се препорачува да користат препарати во облик на пена. Но, имајте предвид дека истите многу брзо се впиваат и најдобро е да користите ракавици пред да започнете со нанесувањето. Со помош на овие пени, може самите да ја регулирате бојата, односно доколку сакате поблед тен пената држете ја 1 час, а за многу темна нијанса потребни се 3 часа.

4. Кога сте на пат и потребно ви е нешто што брзо би делувало, тогаш на влажни марамчиња додајте млеко за потемнување на кожата и намачкајте го вашето тело.

5. Спрејот е исто така погоден кога сте некаде на пат и за оние делови кои не можете сами да ги намачкате. Испрскајте се со спрејот за потемнување кој делува брзо врз тенот на вашата кожа.

6. „Денес може да пронајдете многу серуми за потемнување на кожата, а истите можете да ги додадете во млекото за потемнување“, вели Кристин. Со само две-три капки од серумот ќе добиете темен тен без непријатни последици и алергиски реакции кои може да се појават од нови и непознати препарати.

soveti-za-besprekorno-potemnuvanje-na-vasiot-ten-2

7. Најдобро е да се користи млекото за потемнување на кожата на телото, бидејќи истовремено ја негува кожата и штити од хемиската реакција која ја суши.

8. Дневните препарати за потемнување делуваат постепено. Од ден за ден регулирајте го потемнувањето по ваш вкус и желба.

9. Кога станува збор за лицето бидете внимателни“, вели Кристин. Препаратите за тело најчесто не можете да ги користите за лицето, па затоа потрудете се да ја пронајдете вистинската боја и состав кој нема да ви ја иритира кожата.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...

Најчитани неделава