Брз и едноставен: Направете сами гламурозен пилинг од ружи и ванила

Латиците од ружата може да ви помогнат за да направите неверојатни производи за нега. Ништо не може да го замени, ниту надмине мирисот на ружите, особено кога се во прашање производите за нега на телото.

brz-i-ednostaven-napravete-sami-glamurozen-piling-od-ruzi-i-vanila-01

Уште кога ќе помислите на комбинација од ружи и ванила, знаете дека се случува некоја магија која опива.

Но, тоа не чини цело богатство и не мора да одите во козметички салон, туку сè можете да си направите сами во домашната кујна.

Потребни состојки:

  • ½ чашка шеќер
  • 3 супени лажици бадемово или кокосово масло
  • 1 стапче ванила
  • 10 капки есенцијално масло од ружи
  • 1 лажичка масло со витамин Е
  • Латици од две мали ружи со вашата омилена боја

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и кратко миксајте. На крајот додадете ги латиците и мешајте неколку секунди, додека латиците сè уште се гледаат. Тоа може да го направите и рачно.

Оставете го кратко да отстои, додека вие се туширате, а потоа слободно премачкајте се и уживајте во мирисот и свиленкастата кожа.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Четири грешки со кои си го уништувате гелниот маникир (и вашите природни нокти) Откако целосно ќе ги извадите гелните нокти, не правите пауза и ги користите нок...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава