Нега на кожата според крвната група

Факт е дека на различните крвни групи им одговара различна исхрана и различен начин на живот, па не е ни чудо што постојат и неколку тајни за негувана кожа зависно од крвната група.

nega-na-kozata-spored-krvnata-grupa-01

Крвна група А

Луѓето со крвна група А имаат кожа со мали пори која е склона кон потење и нема проблем со маснотии, што важи и во топлите месеци во годината.

Користењето на премногу козметички препарати може да биде стресно доживување за кожата и затворање на порите.

За овој тип кожа се препорачува користење на маслиново масло, затоа што токму витамините во него се најсоодветни за ваквиот тип на кожа.

Со оглед дека лицата со крвна група А имаат пониска температура на телото, што придонесува до стегање на кожата и создавање на набори и линии, им се препорачува и носење на потопла облека и поприродни материјали за кожата да не остаре пребрзо.

nega-na-kozata-spored-krvnata-grupa-1.jpg


Крвна група Б

За разлика од крвната група А, оваа крвна група е потполна спротивност. Лицата со крвна група Б имаат чувствителна кожа која е склона кон промени заради надворешните и внатрешни влијанија.

Со оглед дека метаболизмот на лицата со крвна група Б е побрз, постои можност за полесно мастење на кожата, заради што се препорачува почесто користење на средства за чистење на лицето и телото со средна киселост.

Избегнувајте ги сапуните со мириси, а наместо тоа користете благ пилинг за лицето.

nega-na-kozata-spored-krvnata-grupa-2.jpg


Крвна група АБ

Кожата на лицата со крвна група АБ лесно се приспособува на различни услови и добро се прилагодува на сонцевите зраци. Негативната страна е што полесно и побрзо доаѓа до рано стареење.

Кога се работи за негата, треба да ставите нагласок на природната козметика, вклучувајќи ги домашно изработените препарати.

Избегнувајте да го миете лицето со студена вода, па наместо тоа набавете спреј за лице со минерална вода.

Лицата со АБ крвна група имаат чести проблеми со циркулација, па постои можност за поблед тен од вообичаено.

nega-na-kozata-spored-krvnata-grupa-3.jpg


Крвна група 0

За кожата на лицата со крвна група 0, се препорачува добар сон секоја ноќ, по барем 8 часа. Ако во тоа не успеете, големи се можностите за проблеми со кожата и нејзино сушење.

Потребно е да избегнувате средства во облик на пена, затоа што дополнително ќе ја исушат. Наместо тоа, користете благи креми и гелови за чистење.

Користете креми кои содржат SPF фактор, затоа што лошо ги поднесувате УВ зраците.

nega-na-kozata-spored-krvnata-grupa-4.jpg

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава