7 чекори до негувани и убави стапала во текот на летото

Од време на време сите знаеме да заборавиме дека и стапалата се изложени на сонце, море, сол, песок, исто како секој друг дел од телото. Затоа, погрижете се за нивното здравје и убавина.

7-cekori-do-neguvani-i-ubavi-stapala-vo-tekot-na-letoto-01.jpg

1. Негувајте ги најмалку еднаш неделно

Еднаш во неделата одете на педикир или направете си педикир во домашни услови. Неопходно е да ги отстраните сите наслаги и мртви клетки од кожата за да ја сочувате мекоста. Избегнувајте средства за пилинг на база на сол, затоа што таа ја дехидрира кожата.

2. Не ги „киселете“ нозете

Можеби ви звучи чудно, но не се препорачува миење на нозете со кисели средства. Наместо тоа, на стапалата нанесете смеса од шолја шеќер, сок од 1 лимон и 1 лажица билно масло по желба. Смесата отстранете ја со влажен пешкир.

3. Камен за пети

По секое туширање задолжително истријте ги петите со камен. Така ќе ја одржите кожата мека и здрава во континуитет.

4. Лосиони и креми за пети

Посебно внимание посветете им на петите, па одма по туширањето нанесете лосион или масло и облечете памучни чорапи.

7-cekori-do-neguvani-i-ubavi-stapala-vo-tekot-na-letoto-02.jpg

5. Заштитна крема за сонце

Не заборавајте да ги намачкате стапалата со заштитен фактор додека се сончате, посебно горниот дел кој лесно гори.

6. Одморете ги ноктите

Наместо секој ден да носите сандали и лакирани нокти, 1-2 дена во неделата облечете балетанки, исчистете го лакот од ноктите и оставете ги стапалата да дишат.

7. Јадете соодветна храна

Затоа што севкупното здравје зависи од исхраната, така и здравјето и убавината на стапалата. Избегнувајте ја храната богата со соли и прекумерна количина на шеќери.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава