Обликувајте ја брадата според обликот на вашето лице

Многу од мажите не изгледаат добро, само затоа што имаат брада која не одговара со обликот на нивното лице.

momci-oblikuvajte-ja-bradata-spored-oblikot-na-liceo-1

Секој може да има брада, но најважно е да знаете да ја одберете вистинската форма и стил.

Како што не одговара секоја фризура на секој облик на лицето, така и брадата има некои свои правила кои мора да ги следите:

Квадратен облик на лице

Целта е на лицето да му дадете заоблен изглед. Тоа ќе го постигнете на тој начин што, ќе ги пуштите страничните делови од брадата да растат без да ги кратите. Односно, пуштете ги деловите на образите, а оние околу усните и носот скратувајте ги.

Долгнавеста и правоаголна формана лице

Поентата на вашата брада е визуелно да го скрати вашето лице и да му даде овална форма. Оставете ја брадата една недела да израсне, а потоа потскратувајте ја само на неколку дена. Предност кај оваа брада е што е лесна за одржување.

momci-oblikuvajte-ja-bradata-spored-oblikot-na-liceo-2

Заоблено лице

За оние со заоблена форма на лице најдобро одговара стилизирана брада, која на лицето ќе му даде острини. Во ниеден случај не треба да имате долга брада или нескратени странични делови. Најдобро е првиот пат да отидете на стилист кој би и дал форма на вашата брада, а потоа ќе можете сами да ја одржувате. Исто така, од голема важност е остатокот од кожата на вашето лице да биде мазен.

Триаголно лице

Кога станува збор за мажите кои имаат изразена брада на лицето, најдобро е да имаат еден вид на неуредна брада. Брадата треба да ја одржувате до крајот на вашата вилица, а влакненцата од образите морате редовно да ги отстранувате.

momci-oblikuvajte-ja-bradata-spored-oblikot-na-liceo-5

Облик во форма на круша

Брадата која одговара на оваа форма на лице бара повеќе трпение. Идеалната должина расте после неколку недели или до месец дена. Мустаќите играат клучна улога бидејќи ги омекнуваат острите линии на лицето. Тоа ќе го постигнете на тој начин што мустаќите ќе ви бидат подолги и подебели од остатокот на брадата, но внимавајте да бидете умерени во должината и дебелината. Брадата би требало да биде помалку груба и неуредна.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg