Како да ја сокриете потта во текот на летниот период?

Потењето е нормална и природна појава, но кога е во прашање изгледот истото може да биде доста одбивно.

kako-da-ja-sokriete-potta-od-teloto-vo-tekot-na-letniot-eriod-1

Нема начин за потполно спречување на потењето во текот на летниот период, па затоа нема потреба да бидете премногу преокупирани.

Овие работи можат да ви помогнат да ги ублажите ефектите кои ги предизвикува потта:

Користете воден спреј

Секогаш при рака нека ви биде водениот спреј, бидејќи тој ќе ви помогне да ја регулирате температурата и да го разладите побргу целото тело. За најдобар ефект, спрејот чувајте го во фрижидер, но во миговите кога излегувате надвор одберете го оној спреј кој содржи природни состојки за ладење како цитрус или екстракт од нане.

Не претерувајте со производите за потемнување

Силиконот кој се наоѓа во овие производи, служи како еден вид замка која ја задржува потта во вашите пори. При ваквото задржување на кожата се појавуваат митесери, затоа подобро користете производи кои ја впиваат влагата и оние кои ќе и овозможат на кожата да дише.

Секогаш имајте влажни марамчиња

Тие ќе ви ја разладат кожата оставајќи траги од пудра и ќе ја апсорбираат потта долго време после користењето. Но, важно е да ги избегнувате оние кои содржат алкохол.

Косата тргнете ја подалеку од лицето

При високи температури косата тргајте ја од вашето лице и користете летна шминка за да изгледате убаво во текот на целиот ден.

Во посебни пригоди...

Доколку треба да посетите важен настан, одвојте 5 минути и разладете се во тоалет пред да се појавите на настанот. Можеби нема да изгледате совршено, но со малку труд ќе успеете да си ја вратите свежината. 

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава