Како да го одржите бронзениот тен и по летниот одмор?

Летните одмори полека завршуваат, повеќето веќе ги искористија за сончање и потемнување на кожата. Но, секогаш се јавува проблемот како убавиот бронзен тен да трае подолго.

kako-da-go-odrzite-bronzeniot-ten-i-po-letniot-odmor-01

За време на одморот на плажа нашата кожа под дејство на сонцето станува потемна, но за жал, златната боја не е долготрајна.

За да го одржите тенот кој  го добивте за време на летниот одмор, придржувајте се до некои трикови на кои укажуваат дерматолозите.

Хранете ја кожата со витамин А

Како што станува кожата посува под влијание на сонцето, така повеќе има потреба за витаминот А. Надворешно може да ја премачкувате со масла, млеко или крем кој го содржи овој значаен витамин, а може и да ја храните однатре со внесување на таблети со витамин А.

Хидрирајте ја почесто кожата

Хидрирањето и заштитата на кожата со соодветни препарати задолжителни се пред капењето во море или базен. Кожата по капењето најчесто се суши, а со тоа и постепено се губи потемнетиот тен. Хидрирањето ќе ви помогне да ја задржите бојата.

Избегнувајте сауна и агресивен пилинг за тело

Доколку често посетувате сауна, почекајте малку откако ќе се истуширате, бидејќи бојата полесно исчезнува од загреаната кожа. Избегнувајте агресивен пилинг за тело бидејќи прави сличен ефект како сауната.

kako-da-go-odrzite-bronzeniot-ten-i-po-letniot-odmor-2.jpg

Јадете моркови, црвено овошје и зеленчук и говедско месо.

Во вашето секојдневно мени вклучете повеќе говедско месо, млеко, јајца, кајсии, спанаќ, морков и кое било жолто или црвено овошје и зеленчук. Применувајте го правилото да испиете чаша сок од морков секое утро. Тиквата е одлична во сите варијанти.

Користете стари народни рецепти

Еден од најчестите користени трикови е капење во кафе. Ставете неколку лажички кафе или чај во купката со која се туширате ако сакате да го задржите златниот тен. Може да си направите и маска за лице од излупен и измиксан домат, на кој ќе му додадете една лажичка масло и една лажичка млеко. Нанесете благотворна смеса на лицето, држете ја 15-20 минути и дури потоа измијте се со вода, наизменично топла и ладна.

kako-da-go-odrzite-bronzeniot-ten-i-po-letniot-odmor-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава