Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите трикови: Смалете ги подочниците и вратете им го сјајот на отечените очи

Ако очите се огледало на душата, тогаш душата на многу луѓе им е отечена, безживотна, темна, уморна и набрана. Но, за среќа постојат едноставни трикови со чија помош за брзо време душата повторно ќе живне.

najdobrite-trikovi-smalete-gi-podocnicite-i-vratete-im-go-sjajot-na-otecenite-oci-1

Многу модели и актери ги употребуваат овие трикови за да изгледаат свежо и одморено, па тоа нека ви биде уште еден поттик за да ги пробате уште денес.

Вратете им го посебниот сјај на вашите очи:

1. Крема за хемороиди

Манекенките и актерите од секогаш ја употребувале кремата за хемороиди за да ги смалат подочниците. Оваа крема брзо ги затегнува отечените очи и ги намалува подочниците, а доколку нејзиниот мирис ви е прејак тогаш промешајте ја со вашата дневна крема.

2. Чај

Чајот со кофеин, кој содржи природен танин, го користеле нашите баби, а денес е омилен помеѓу моделите. Две филтер вреќички чај натопете ги во топла вода, а  потоа разладете ги во ладилникот неколку минути и ставете по една вреќичка на секое око и држете 5 минути. Вашите очи ќе бидат освежени, а подочниците намалени.

najdobrite-trikovi-smalete-gi-podocnicite-i-vratete-im-go-sjajot-na-otecenite-oci-2

3. Авокадо

На многумина уморот им носи темни подочници, кои ги прават да изгледаат постаро. Ако не стигнете да се одморите, исечкајте авокадо на месечинки и поставете ги директно на подочниците. Кремата од авокадо исто така може да ви биде од голема корист, доколку често се соочувате со овој проблем.

4. Лажички

Земете две метални кафени лажички и држете ги под ладен млаз вода неколку минути. Долниот дел од лажичката ставете го под очите и држете од 30 до 60 секунди. Ледениот метал ќе ги оживее вашите уморни очи и ќе ви додаде енергија.

najdobrite-trikovi-smalete-gi-podocnicite-i-vratete-im-go-sjajot-na-otecenite-oci-3

5. Свежи краставици

Кога очите ви се црвени и отечени, исечкајте две крукчиња од краставицата и ставете ги на очи. Држете ги околу половина час, а освен што очите ќе ви бидат посветли, дури и телото ќе ви се освежи од тој краток одмор.

Пробајте уште вечер и забележете го резултатот изутрина!

Би можело да ве интересира:

Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg