Трикови за шминкање на ситни очи

Шминкањето на ситните очи знае да биде доста незгодно, а целта е да се прикријат сите недостатоци.

trikovi-za-sminkanje-na-sitni-oci-1

Овие неколку трикови ќе ви помогнат да создадете заводлив поглед вреден за обрнување на внимание.

Со помош на шминката визуелно зголемете ги и истакнете ги ситните очи:

1. Негувајте ги веѓите

За ситните очи да изгледаат поголеми, мора да обрнете внимание на веѓите. Тие треба да бидат беспрекорни, без влакненца кои стрчат. Совршените веѓи ќе ги нагласат вашите очи и визуелно ќе ги зголемат.

trikovi-za-sminkanje-na-sitni-oci-2jpg

2. Погрижете се за подочниците

Подочниците ги прават очите да изгледаат ситно. Изберете коректор кој е за нијанса посветол од природната боја на вашиот тен и нанесете го под очите. На овој начин ќе ги истакнете очите, но и вашите трепки ќе изгледаат подолги.

3. Подлога за сенка

Направете подлога за сенка, така што на капакот од очите ќе нанесете прајмер. Истиот ќе ви помогне било која нијанса сенка да се задржи долго на очите.

4. Светли нијанси под веѓите

Со помош на четка нанесете светла сенка под веѓите. На овој начин, вашите очи веднаш ќе изгледаат поголеми. Истиот ефект можете да го постигнете ако нанесете светла сенка во внатрешните агли од очите или под долните трепки.

trikovi-za-sminkanje-na-sitni-oci-4jpg

5. Осветлете го внатрешниот дел од окото

Белиот молив прави вистинско чудо за ситните очи. Нанесете го во внатрешниот агол од очите и ќе направи да изгледате свежо и одморено, дури и ако не сте се наспале цела ноќ.

6. Комбинирајте ги различните нијанси на сенки

Светлите нијанси, а посебно во бојата на лаванда, секогаш ќе ги отворат вашите очи. Нанесете сенка во горниот дел од капакот или во внатрешните агли на очите. Исто така ќе ви биде потребна и темна нијанса на сенка за да направите ефект на длабочина.

Нанесете ја во надворешниот дел од капакот и благо повлечете нагоре да добиете шпиц. На овој начин визуелно ќе ги отворите и зголемите очите. Но, никогаш темните бои не ги нанесувајте во внатрешниот дел од окото, бидејќи така ќе изгледаат уште помали.

7. Мачкини очи

Овој стил на шминкање е идеален за девојките кои имаат ситни очите. Започнете на тој начин што ќе повлечете линија од внатрешниот дел на окото, преку целиот капак, па се до надворешниот. На крајот повлечете мала линија кон веѓите. За драматичен изглед здебелете ја линијата. Обично за ова шминкање се користи црн молив или туш за очи. Но, темно плавата боја ќе ја истакне белината на очите и тие ќе изгледаат поголеми и посветли.

8. Маскара

Откога ќе ги навиткате трепките со помош на алатка, нанесете 2 до 3 слоја маскара. Најдобро би било да користите маскара за продолжување на трепките. Не ги заборавајте долните трепки, но за нив е доволен еден слој.

trikovi-za-sminkanje-na-sitni-oci-7jpg

 

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg