Забавете го стареењето: 5 тајни на жените кои изгледаат многу помладо од она што се

Процесот на стареење е природен и тоа не е нешто што можете да го запрете, но со неколку здрави навики со кои може да се чувствувате и да изгледате помладо.

zabavete go stareenjeto 5 tajni na zenite koi izgledaat pomlado od ona sto se-01

Со текот на годините кожата почнува да ја губи влагата и да станува почувствителна. Но, постојат начини со чија помош може да го забавите процесот на стареење и да изгледате помладо од она што сте.

Пијте многу вода

Човечкото тело се состои од 60-70 проценти вода, а секојдневните обврски ни трошат значајни резерви кои треба да се пополнат. Пијте најмалку 8 чаши вода секој ден. Освен тоа што телото ќе биде хидрирано и ќе изгледа посвежо, ќе се чувствувате и поздраво, а водата помага и во варењето за подобро да функционира.

Намалете го стресот

Истражувањата покажале дека менталниот стрес го забрзува процесот на стареење. Кога сте под стрес се нарушува природната рамнотежа и излачувањето на хормонот поради кој е отежнато генерирањето на колагенот. За тоа, важно е да вежбате. Се препорачува јогата и медитацијата кои преку правилното дишење го подобруваат протокот на кислород во крвта и ја подобруваат енергијата.

zabavete-go-stareenjeto-5-tajni-na-zenite-koi-izgledaat-pomlado-od-ona-sto-se-1.jpg

Почестете го лицето со овошје

Направете си маска за лице од овошје по ваш избор. Се препорачува плодот на папаја кој содржи ензими кои го намалуваат таложењето на меланин. На лицето може да ставите и исечкани јагоди кои содржат бета-каротен и витамин А за обновување на колагенот. Природното алое е одлично во борбата против стареење на кожата.

Редовно вежбање

Вежбањето е составен дел од грижата за телото и кожата. Физичката активност помага во одржувањето на тонусот на мускулите во целото тело и ја подобрува кондицијата. Го поттикнува протокот на крв и со тоа прави да се чувствувате помладо. Најпрепорачливо е одењето и шетањето како кардиоваскуларна вежба со која константно се одржувате без да се заморувате.

Здрава исхрана

Би требало да се придржувате до здравата исхрана која вклучува доволно овошје и зеленчук. Избегнувајте црвено месо, алкохол и цигари. Овошјето и зеленчукот се одлични антиоксиданси. Колку поздраво јадете, толку ќе се чувствувате и ќе изгледате помладо.

zabavete-go-stareenjeto-5-tajni-na-zenite-koi-izgledaat-pomlado-od-ona-sto-se-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава