Водич до совршена утринска шминка

Зошто будењето да го правите комплицирано, кога може да се подготвите за новиот ден брзо и без многу мака?

vodic-do-sovrsena-utrinska-sminka-1

Сите имаме такви утра кога едвај се будиме, а како воопшто можеме да нанесеме молив на полуотворени очи и да се подготвиме за новиот ден.

Ако ви се случува често да доцните, тогаш овие минимални совети за шминкање ќе ви помогнат да изгледате свежо и одлично без дополнителни компликации:

1. Нанесување подлога

Подлогата честопати може да трае подолго од целото шминкање. Од кремата па сè до коректорот и пудрата, сето тоа го отежнува целокупното утринско шминкање. За да го забрзате овој процес користете тонирани креми за лице. Овие креми делуваат свежо врз кожата, но ги прикриваат и нејзините неправилности и ви даваат здрав сјај и убав изглед на лицето.


2. Стратешки нанесете го руменилото

Со само неколку потези нанесете го руменилото веднаш под јаболчниците на лицето и тоа е сѐ што ви треба. На овој начин, веднаш ќе ја истакнете структурата на лицето.


3. „Smoky Eye” на едноставен начин

„Smoky Eye” рано наутро веројатно ви звучи како лоша идеја и последен трик кој би го пробале, но оваа идеја не е толку комплицирана како што ви изгледа. Земете моливче за очи и повлечете тенка линија над горните и долните трепки, а потоа размачкајте ја со помош на четка за да го постигнете ефектот.


4. Истакнете ги усните

Ако се одлучите да не ставите воопшто шминка, тогаш истакнете ги барем усните. На тој начин, целото внимание ќе ви биде акцентирано на нив. Карминот остава впечаток дека сте подготвени за новиот ден.

Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Новиот хит за маникир во лето 2025 – реалистично пресликани лушпи од овошје (фото) Изгледа е време да се збогувате со нацртаните плодови од црешки и лубеници и да ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава