Направете сами: Отстранете ги пегите со производи од кујната

На некои им се слатки, други ги мразат. Ако сакате да ги отстраните искористете некои од рецептите во кујната кои може да ви помогнат за брзо и лесно да се ослободите.

napravete-sami-otstranete-gi-pegite-so-proizvodi-od-kujnata-01

Пегите на кожата се последица од многу темен пигмент меланин, кој најчесто може да биде предизвикан од претерано изложување на УВ зраците.

Најчесто се појавуваат  на лицето, деколтето и рацете, а највидливи се летно време на образите и на носот.

 За превенција и избелување треба да ја одберете соодветната крема.

Најдобра превенција од пегите е редовно користење на крема со заштитен фактор.

Но, постојат и природни начини кои може да ги пробате и во домашни услови.

Лимон

Доволно е да го преполовите и да триете на лицето 10-15 минути секој ден. Потоа измијте ја кожата, а најдобро е тоа да го правите пред спиење, за да може кожата да се обнови. Првите резултати може да ги забележите по еден месец.

Алое вера

Гелот или сокот од алое треба да го нанесете директно на пегите, најмалку двапати на ден. Алоето постепено ќе ги избели темните дамки и ќе го забрза обновувањето на кожата. Првите резултати треба да бидат видливи по 2 месеци.

Виолетов кромид

Виолетовиот кромид треба да го пресечете на половина и да триете на критичните точки. Постапката повторувајте ја еднаш дневно во текот на 2 месеци. По користењето измијте ја кожата.

Свежо млеко

Одлично ги отстранува пегите од сите делови на телото, а доволно е само да го нанесете и да го оставите да делува неколку минути, по што ќе го измиете.

Зелен чај

Вреќичките чај треба да ги ставите во топла вода 3-5 минути и потоа да ги извадите. Отакако ќе се изладат  и ќе ги исцедите, тријте ги со нив критичните точки. Се препорачува да ја повторувате постапката двапати дневно.

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....

Најчитани неделава