Топ 5 фризури за округло лице според холивудските диви

Без оглед на трендовите кои се менуваат, секогаш треба да избирате нов стил земајќи ги предвид своите лични особини и пропорции.

top-5-frizuri-za-topcesto-lice-spored-holivudskite-divi-01

Тоа секако се однесува и на изборот на нова фризура. Потребно е да следите одредени правила за да пронајдете соодветна алтернатива за своите црти на лицето.

Изборот на фризура за вашиот облик на лицето бара пред сè одредување на обликот на лицето, по што ќе можете да пронајдете безброј фризури.

Ако вашето лице е округло, може да ја испробате секоја од овие фризури на холивудските диви:

1. Селена Гомез - пунџа

Кој вели дека девојките со округло лице мора секогаш да имаат пуштена фризура? За некои посебни прилики правилно одбрана пунџа може да биде најдобра алтернатива. Селена Гомез има супер елегантна пунџа со благо подигнат поголем прамен во предниот дел, кој се користи за да го издолжи нејзиното округло лице и да направи баланс меѓу цртите на лицето.

top-5-frizuri-za-topcesto-lice-spored-holivudskite-divi-1.jpg


2. Камерон Дијаз - бохо бранови

Таа секогаш успева да изгледа како девојка од милион долари, без оглед на тоа дали се работи за црвениот тепих или дневната прошетка во кежуал стил. Со нејзината совршено одбрана фризура секогаш успева да ги истакне најдобрите особини и идеални пропорции на лицето. Романтичните бохо вибрации во косата се само уште една кул фризура за округло лице која може да ја пробате.

top-5-frizuri-za-topcesto-lice-spored-holivudskite-divi-2.jpg


3. Дру Баримор - лежерно потфатена коса

Нејзината лесно собрана коса е посебно добра опција која може да ја земете предвид за некои поелегантни комбинации, посебно ако не сакате да имате и премногу строг и затегнат изглед. Со употреба и на соодветна шминка може да постигнете идеална рамнотежа.

top-5-frizuri-za-topcesto-lice-spored-holivudskite-divi-3.jpg


4. Кејт Босфорт - патец на средина

Исчешлана коса со патец на средина, секогаш е одличен избор ако имате округло лице, бидејќи успева малку да ви го издолжи, правејќи го идеално. Оваа едноставна фризура, одлично одговара и во секојдневни, но и во некои специјални прилики, посебно кога е во комбинација со нагласена шминка.

top-5-frizuri-za-topcesto-lice-spored-holivudskite-divi-4.jpg


5. Ема Стоун - ретро локни

Играњето со различни стилови, од минималистички до бохо, дефинитивно може да ве доведе до совршен резултат. Ема Стоун се одлучила за ретро глам од холивудските диви со долги шишки на страна. Ова е уште една фризура која може да ја искористите.

top-5-frizuri-za-topcesto-lice-spored-holivudskite-divi-5.jpg

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg