7 супер трикови за разубавување на мрзливите девојки

Сигурно некогаш ви се случило да треба да излезете, а толку многу да ве мрзи да се дотерувате, што дури би го откажале и состанокот. Па, уште и кога ќе видите дека немате доволно парфем или пудра, па треба да се снаоѓате, сигурно ви е најголем кошмар.

7-super-trikovi-za-razubavuvanje-na-mrzlivite-devojki-01

Сепак, постојат неколку трикови и решенија и за мрзливите девојки да изгледаат убаво без многу мака:

1. Вазелин пред парфемот

Пред да се напрскате со парфемот, на зглобот под дланката, нанесете малку вазелин. Така мирисот ќе ви трае подолго и нема да морате по неколку пати да ставате.

2. Полни усни

Ако сакате да ви изгледаат пополни усните, прво нанесете бело моливче на средина, па размачкајте ја линијата за да не се забележува премногу. Исцртајте ги со моливче во соодветна боја со карминот и ставете сјај.

3. Креон и извиткувач на трепки

Загрејте го малку креонот за очи и нанесете го на горниот дел од извиткувачот за трепки, така што кога ќе ги виткате трепките, истовремено ќе оставите и линија од креонот на горниот капак.

7-super-trikovi-za-razubavuvanje-na-mrzlivite-devojki-1.jpg

4. Точкаст маникир

Наместо да се мачите и да цртате една по една точка, налакирајте се прво со основна боја лак, па откако ќе ви се исуши, ставете на ноктот ханзаплас со дупчиња и преку него поминете со друга боја на лак. Кога ќе го тргнете ханзапласот ќе имате супер маникир со точки.

5. Коректорот го крие заморот

По непроспиената ноќ, ставете коректор под окото до почетокот на јаболчниците. Така ќе добиете еднаков тен и ќе ги скриете подочниците.

6. Совршена линија со помош на кредитна картичка

Старата картичка за банкомат може да ја искористите за да повлечете правилна закосена линија со тушот за очи или сенката. Само доближете ја до аголот на окото, наместете ја во правилната насока и повлечете ја линијата.

7. Лак на шнолите

За да не ви се распаѓа фризурата во текот на денот и да не ја подместувате постојано пунџата, на црните шноли напрскајте малку лак за коса пред да ги ставите и ќе ви останат фиксирани.

7-super-trikovi-za-razubavuvanje-na-mrzlivite-devojki-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава