Сода бикарбона - замена за 8 скапи препарати за нега

Оваа навидум обична, бела прав е всушност неорганска хемикалија која сè почесто се употребува во домашната козметика затоа што нема штетни дејства, а дава одлични резултати.

8-nacini-kako-da-se-neguvate-so-soda-bikarbona-01.jpg

Ако сакате помека кожа и коса, побели заби и темелно негувани стапала, еве што треба да направите:

Нега на коса

Кога ја миете косата, во шампонот додајте ¼ лажичка сода бикарбона, која лесно ќе ги отстрани сите препарати за обликување кои сте ги нанеле на косата.


Антиперспирант

Ставете малку сода бикарбона под пазувите за да го неутрализирате непријатниот мирис на телото. Одлична алтернатива за антиперспирантите со алкохол.


Паста за заби

Помешајте малку сода бикарбона со 3% хидроген-пероксид и ќе добиете паста за заби која не содржи флуор.


Средство за миење на устата

Измешајте 1 лажица сода бикарбона со 2dl вода и течноста добро промешајте ја. Исплакнете ја устата со неа и сите мириси ќе бидат неутрализирани, а бактериите уништени.

8-nacini-kako-da-se-neguvate-so-soda-bikarbona-02.jpg

Пилинг за лице

Наместо да трошите пари за скапи препарати, промешајте сода бикарбона и вода во размер 3:1. Лесно тријте ја добиената пастата на кожата и измијте. Ова средство може да го користите секојдневно.


Купка

Додајте ½ шолја сода бикарбона во вашата купка за да ја неутрализирате киселоста на кожата, да ги исчистите маслата од неа и да ја осветлите.


Нега на стапала

Ставете 3 лажици сода бикарбона во леген со топла вода, ставете ги нозете и лесно измасирајте ги. Намачкајте се со крема или лосион за стапала и веднаш ќе ја забележите свежината.


Нега на раце

Прескокнете ги интензивните сапуни и нежно тријте ги рацете со сода бикарбона која ќе ги отстрани сите бактерии и непријатни мириси. Додадете неколку лажички сода бикарбона во сапунот, тоа е секогаш добра комбинација.

8-nacini-kako-da-se-neguvate-so-soda-bikarbona-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...

Најчитани неделава