9 причини зошто вашата шминка изгледа старомодно

Трендовите во шминкањето се менуваат речиси со иста брзина како трендовите во модата. За жал, не сите знаат како да ги следат.

9-pricini-zosto-vasata-sminka-izgleda-staromodno-01.jpg

Факт е дека некои трендови се враќаат, но не во оригиналната состојба, туку видно измемети.

Затоа, ако сакате да го избегнете изгледот на жена која „заглавила во времето“, воочете и поправете ги вашите основни грешки.

1. Носите „маска“ на лицето

Предебелиот слој на пудра е дел од минатото. Потполната покриеност на недостатоците веќе е непотребна и изгледа многу посмешно отколку „несовршениот тен.“ Покријте го црвенилото и намалете ги подочниците, но не се маскирајте со пудрата и коректорот.

9-pricini-zosto-vasata-sminka-izgleda-staromodno-1.jpg



2. Блед тен и темен кармин

Можеби Кери Бредшо го носеше овој тренд, но нејзините трендови згаснаа уште при крајот на 90-те, помирете се со тоа. Наместо порцелански тен и вампирски усни, загрејте го тенот со бронзер.

9-pricini-zosto-vasata-sminka-izgleda-staromodno-2.jpg



3. Бледа пудра на цело лице

Ако нанесувате голема количина на компактна пудра ќе изгледате пополно неприродно. Единствено место на кое треба да нанесете повеќе пудра е Т-зоната која претерано се масти.

9-pricini-zosto-vasata-sminka-izgleda-staromodno-3.jpg



4. Премногу светкава сенка во внатрешноста на очите

Внатрешните агли на очите секогаш се идеално место за користење на посветла сенка, но во одредена количина и нијанса малку посветла од тенот, не бела.

9-pricini-zosto-vasata-sminka-izgleda-staromodno-4.jpg



5. Сенка во силна боја од трепките до веѓите

Сината и зелена сенка најдобро е да ја користите како ајлајнер, а не за покривање на целиот капак. Овој тренд на обоени очи замина уште кон крајот на ‘80-те.

9-pricini-zosto-vasata-sminka-izgleda-staromodno-5.jpg

Уште 4 грешки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Хејли Бибер ја покажа новата фризура – тренд што ќе доминира во 2026-та Фризерката на Хејли Бибер објави фотка од нејзината потстрижена коса, а со тоа т...

Најчитани неделава