Најчести грешки кои ги правите додека ги миете забите

Правилното и редовно четкање на забите е единствениот начин на кој можете да го спречите кариесот и непријатните наслаги кои се собираат од храната. Сепак, големи се шансите дека тоа не го правите правилно.

7-greski-koi-gi-pravite-dodeka-gi-miete-zabite-01.jpg

За да го избегнете оштетувањето на забите, воочете ги основните 7 грешки кои сигурно ги правите:

1. Користите погрешна четка

Не бирајте четка според бојата и дизајнот, туку според потребите. Ако не сте сигурни која е најдобрата опција, побарајте помош од стоматолог.


2. Прекратко или предолго четкање

Забите би требало да ги миете 2 пати дневно, еднаш задолжително пред спиење. Нечистотиите најлесно ќе ги отстраните ако забите ги четкате 2 до 3 минути.


3. Пречесто и прејако четкање

Честото миење на забите има спротивен ефект, па затоа обидете се да ја совладате оваа лоша навика. Имајте на ум дека претераното миење може само да ги ослаби забите.


4. Погрешно четкање

Стоматолозите советуваат дека четкањето треба да се изведува со мали и нежни кружења. Половина од четката би требало да го чисти забот, а половина непцето. Ова важи и за внатрешната и за надворешната страна од забите.


5. Не ја миете четката темелно

По секое користење на четката треба добро да ја измиете со топла вода и да ги отстраните сите остатоци од пастата. Ако не ја измиете доволно добро, големи се шансите дека на неа ќе се наталожат бактерии кои ќе ги внесете во устата при следното миење.


6. Четката никогаш не се суши до крај

За да го избегнете овој проблем со вечно мократа четка, ставете ја на суво место или купете уште една четка која ќе ја менувате преку 1 ден.


7. Ретко менување на четката

Иако не е расцветана, четката треба да ја менувате на 3 месеци, советуваат сите стоматолози. Спротивно на ова, ако четката ви се расцвета по само 1 месец користење, значи дека премногу агресивно ги миете забите.

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава